Што да гледаме денес?
Како доаѓа малку постуденото време така се почесто сакаме да останеме дома и да изгледаме некој добар филм. Токму затоа се надеваме дека ќе ви користи и нашата денешна филмска препорака. Овој пат станува збор за еден биографски филм кој зборува за музичар од 60-тите кој беше во љубовна врска со многу гламурозни дами од оваа ера, а тука е и една љубовна драма за сите оние кои се чувствуваат посебно романтично и сензибилно.
{youtube}sMLn1zt0brA{/youtube}
Gainsbourg (Vie héroïque)
Филмот Gainsbourg (Vie héroïque) не води во 60-тите години од минатиот век и во животот на една од иконите на ова време, Сергеј Гинсберг. Уметник, музичар, боемиште и голем миленик на жените го следиме од детинството, па преку годините во кои сликаше и живееше со џезот, се до статусот ѕвезда со кој се здоби занимавајќи се со музиката.
{youtube}8LXPO2iLjQ0{/youtube}
Labor Day
Од друга страна, ако сакате љубовни драми, а и симпатична ви е актерката Кејт Винслет, предлагаме да го погледнете филмот „Labor Day“ снимен во 2013. Дејствието го следи Хенри и неговата по малку депресивна мајка на која што и се менува животот кога дома ќе донесат ранет маж кој воедно е и осуденик за кого трага полицијата.