Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп (07. 07 – 14. 07.2013)

Реклама

Kликни на твојот знак »

Маркетинг
h1h1h1h1h1h1
h1h1h1h1h1h1

OВЕН

 Март 21- април 20 

Маркетинг

Работа: Меркур, планетата на бизнисот се наоѓа во ретроградно темпо на движење, поради што ќе бидете во ’на крај срце‘ ако ситуацијата не биде онаква каква што вие ја посакувате. Ќе имате прилика да направите избор помеѓу две подеднакво атрактивни работни места или помеѓу соработката со Близнаци или Овен. Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе мора да бидете поупорни ако сакате да си ги наплатите побарувањата.

Љубов: Доста сте нервозни во односите со партнерот, но на крајот од периодов ќе станете попопустливи. Марс, владетелот на вашиот знак се наоѓа во Рак и нема да можете лесно да ги држите конците во свои раце, посебно ако сте во подлога врска. Ако сте пак слободни, ќе попуштите пред шармот на една Вага, Лав или Водолија или личност на која секогаш и појдува од рака да ви го подигне расположението.

Здравје: Се чувствувате добро.


 Врати се горе » 

БИK 

 Aприл 21- Мај 21 

Работа: Не умеете да уживате во она што го имате, вашите амбиции се поголеми. Не треба да се нервирате ако слушнете нешто на своја сметка, а што не ви одговара, можеби околу некој нов ангажман. Ќе добиете уплата или вест за пари. Би било најдобро да не започнувате ништо ново што ќе ве доведе во зависна положба во однос на колегите.

Љубов: Младата Месечина во Рак на почетоков од периодот ви одговара на љубовниот живот, но не и ретроградниот Меркур, па тоа може да донесе добри теми за чаршиски муабети, посебно ако партнерот е од друго место. Не реагирајте на она што ќе го слушнете за себе и внимавајте да не им давате премногу материјал на оние кои едвај чекаат да го злоупотребат истиот.

Здравје: Нервоза и несоница.


 Врати се горе » 

БЛИЗНАЦИ  

 Мај 22- Јуни 21 

Работа: Младата Месечина во астролошката куќа на работа и пари носи можност за проширување на соработката со млади и способни соработници, посебно доколку работите во приватна фирма која соработува со странци. Не сакате да прифаќате туѓи услови, но вешто избегнувате тоа јасно да го дадете на знаење. Вие сте онаа страна која ги одредува условите и методите за работа. Ова може да ви биде и поволен период за игри на среќа, можни се ваков тип на добивки.

Љубов: Можете да ја повратите наклоноста на еден Рак, Лав или Овен. А постои и некој Стрелец кој едвај чека да оствари некаков контакт со вас, но мора да бидете внимателни, посебно ако сте во долга врска и во овој момент. Воглавно сте окупирани со љубовни дилеми, посебно ако имате две симпатии истовремено. Оние кои се во постојана врска може да очекуваат заеднички пат со партнерот.

Здравје: Можна е спортска повреда.


 Врати се горе » 

РАК

 Јуни 22- Јули 22 

Работа: Настапува поволен период и покрај ретроградниот Меркур, посебно доколку успеете да ја насочите енергијата на самата работа и станува збор за работење со соработници кои живеат на оддалечени места. Очекувајте повик од некој кој своевремено ви овозможил да дојдете до одлична заработка. Ако размислувате да прејдете на друго работно место, ќе ви биде потребна помош од еден Јарец или Скорпија. Имате шанса за заработка преку работа која подразбира познавање на странски јазици!

Љубов: Врска со личност која носи некоја врста на униформа, може да биде она вистинското, кое го чекате веќе подолго време. Имате многу планови во врска со некој кој што е сталожен и има трпение за вас. Слободните Ракови може да очекуваат содржаен социјален живот, посебно на патувањата или преку роднина кој живее во дијаспората.

Здравје: трудете се да јадете помалку благо!


 Врати се горе » 

ЛАВ

 Јули 23- Авгус 22 

Работа: Ви се брза што побргу да обезбедите солидно работно место за себе и добри соработници. Приватните работи носат сатисфакција само ако сте во зрели години. Потребно е малку повеќе да тактизирате, а вие не сте во баш најсјајна форма на тоа поле, па може да направите нешто кое е во целосна спротивност со вашите интереси. Можно е добиете некоја сума на пари од странство на која не сте се надевале ниту очекувале.

Љубов: Склони сте на тајни врски кои никогаш не носат нешто добро! Трудете се да бидете интересни и истовремено и таинствени, но само ако сте машко. Ви се допаѓа помлада потенцијална партнерка, но таа нема да има големо разбирање за вашите често промени на расположението.

Здравје: Земајте препарати за зајакнување на имунитетот.


 Врати се горе » 

ДЕВИЦА   

 Aвгуст 23 – Септември 22 

Работа: Ретроградниот Меркур, владетелот на вашиот знак, ве прави да се чувствувате сигурен во себе, но таа сигурност е базирана на нереални очекувања. Обидете се да се спријалтелите со некој кој до вчера можеби ви претставувал конкуренција. Без премногу мака и труд успевате да ги реализирате сопствените замисли затоа што имате поддршка од некој Бик и Вага. Друга Риба или Рак ви нудат работа под поволни услови.

Љубов: Можете да обновите едно старо, убаво пријателство или пак ќе ве повика некој кој што од секогаш ви бил драг. Ако сте во постојана врска, обратете му поголемо внимание на партнерот. Што и да правите – и понатаму сте во центарот на внимание. Малку кој го интересира колку нерви ве чини да ја сочувате хармонијата во својот семеен и љубовен живот.

Здравје: Не нервирајте се без потреба за ситници.


 Врати се горе » 

ВАГА

 Септември 23 – Октомври 22 

Работа: Врските со лица кои се бават со одговорна работа или работат за странци, може да ви бидат добра основа за идната соработка. Ако сакате да започнете некоја нова работа, ќе добиете понуда која комплетно ќе ви одговара. За вас започнува поволен период, посебно ако ја обновите соработката со странците. Ќе добиете прилика да заработите преку хонорарна работа.

Љубов: Ако сакате да го направите партнерот љубоморен, нема потреба непотребно да се трудите затоа што најверојатно добро те познава. Опасноста лежи во вашата самоувереност и потреба да држите контрола над својот љубовен живот, а тоа никако не ви поаѓа од рака. Добро се чувствувате во друштвото на еден Лав, Водолија или некој Овен кој веќе подолго време ви се допаѓа.

Здравје: Намалете го консумирањето на алкохолни пијалоци.


 Врати се горе » 

СКОРПИЈА

 Октомври 23 – Ноември 11 

Работа: Ова е поволен период за вашиот знак. Со помош на авторитетот и упорноста, ќе се изборите за она кое одамна го посакувате. Некому му е доста важно да ве увери во својата верност и најверојатно ќе ви понуди заеднички проект кој ќе ви одговара од повеќе аспекти. Ако ги ограничите трошоците, можно е да се најдете во прилика да заштедите баш толку колку сте имале и испланирано или пак да го вложите капиталот во нешто вредно, за што сте размислувале подолго време.

Љубов: Врската со огнен знак носи проблеми и плоден материјал за чаршиски муабети на ваша сметка. Ако сте во врска со доста помлада личност, исто така можно е да се најдете во ситуација да се правдате за својот избор. Доколку пак се занимавате со уметност или сте присутни во јавноста, никако нема да успевате да ја контролирате ситуацијата.

Здравје: Се чувствувате уморни и исцрпени, потребен ви е комплетен одмор.


 Врати се горе » 

СТРЕЛЕЦ

 Ноември 23 – Декември 21 

Работа: Ќе се обидете да убедите Рак или Лав да ви дадат шанса. Ќе имате многу средби и разговори за претстојната работа, но тешко дека ќе постигнете договор кој ќе ви одговара. Прифатете го предлогот на еден Јарец или Вага, посебно ако зад него стои една Скорпија. Се наоѓате во незавидна ситуација ако не сте начисто што да очекувате од моменталното работно место.

Љубов: Партнерот мисли дека не сте реални во поглед на работата која ви ја предлага како заеднички проект, но го привлекува вашата претприемчивост. Трудете се да најдете начин како да го уверите дека не постои причина за љубомора. Ќе бидете во прилика да се сретнете со некогашна симпатија која ќе ве изненади со позитивните промени кои ги направила кај себе.

Здравје: Бидете поактивни на физички план.


 

 Врати се горе » 

ЈАРЕЦ

 Декември 22 – јануари 20 

Работа: Многу сте ангажирани со работи кои имаат врска со големи фирми, голем број на луѓе, па главна преокупација ви е како да успеете во работата кој што би ви овозможил да ги завршите сите започнати проекти. Некој ве помага на начин кој совршено ви одговара. Можете да сметате на помош од Овен, Стрелец или Водолија. Можно е зголемување на приходите преку лице кои живее во странство. 

Љубов: Иако сте друштвени и многу осетливи, својот љубовен живот го држите во строга тајност. Можно е да имате и постојан партнер, но и некого на кој често мислите. Ако се работи за личност со која повремено се гледате, немојте да ги потхранувате фантазиите во врска со нејзе, затоа што постојаниот партнер ќе ве осети дека не сте му целосно посветени.

Здравје: Се чувствувате добро.


 Врати се горе » 

ВОДОЛИЈА

 Јануари 21 – Февруари 19 

Работа: Младата Месечина во астролошката куќа за бизнис и финансии, се манифестира со големата ангажираност на работата, но прашање е дали резултатот од напорната работа ќе го видите набргу. Би било добро повеќето договори да ги завршувате во четири очи и да не оптеретувате премногу со тоа кој и што ќе каже за вас. Добивате понуда за работа со Риба или Скорпија, која би требало да ја прифатите.

Љубов: Транзитот на Марс претставува симбол на страста која партнерот ќе ја покажува на помалку директен начин, а ако сте во врска со личност која е зафатена, често патува или живее во странство, ќе ви недостасува нејзиното друштво. Можна е авантура со некој од работното место кој е странец или пак често патува.

Здравје: Внимавајте на повреди со посебно.


 Врати се горе » 

РИБИ 

 Февруари 20- Март 20 

Работа: Станувате многу поамбициозни и поорганизирани. Сепак, Марс во крајот на овој период влегува во Рак и ве прави недоволно мудри по прашањето на некои работи кои нема да можете така лесно да ги завршите без помош од страна. Слушајте го своето внатрешно јас – интуицијата нема да ве излаже! Можна е работа во медиуми или во некоја голема фирма. Ако се занимавате со уметност, ова е период во кој можете да станете популарни.

Љубов: Можни се нови познанства преку работата и средби со личности кои ќе покажат голема почит и воодушевување од вас, кое ќе ви импонира. Обидете се да им одолеете на искушенијата, посебно ако сте во постојана врска со партнерот кој многу ви значи, но во истовреме, бројни ќе бидат лицата кои ќе бидат упорни да го освојат вашето внимание.

Здравје: Можни се главоболки.


 Врати се горе » 

{JFBCLike url=http://www.facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Поврзано

Back to top button