НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот 30 мај – 5 јуни, 2016: Дали сте љубопитни да дознаете за љубовта, семејството…
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела ќе ви олесни во врска со грижите и тензиите од претходните недели. Сега дури може да постигнете и успех и позитивен резултат во областа што е корен на вашиот стрес во текот на мај. Се разбира, сè уште има многу работи да разгледате и анализирате за да избегнете слични ситуации во иднина. Поволна седмица за романтични состаноци, потрага по животен партнер, комуникација со блиски и далечни пријатели. Може да бидете изненадени од пари од машко лице. Мажите- Стрелец можат да си ја обидат својата среќа во лотарија или коцкање, но разумно.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Оваа недела може да се појават тензии или конфликти помеѓу вас и дете/младо момче, веројатно во знакот на Бик, Девица или Јарец. Конфликтот може да стане многу непријатен, па ако може да го избегнете, би било добро, во најголем дел за вас. Во животот на младите машки Јарци ќе се појават настани, ситуација поврзана со стара љубов или претходен брак. Без оглед на тоа како или по кој повод, овој дел од вашето минато ќе излезе на површина. Ќе се обидете да ὺ помогнете на девојка или млада жена во тежок момент за неа. Оваа седмица е можно нова љубов да ја замени старата.
Во кои хороскопски знаци се кријат најдобрите жени за брак?
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Не правете посебни планови и очекувања за оваа недела. Може лесно да подлегнете на тажно расположение. Ќе ги доживеете поболно и ќе бидете почувствителни на проблемите што ќе искрснат. Ќе добиете пари од женско лице (најверојатно ваша роднина) или ќе испратите пари на жена. Жените- Водолија ќе направат заложби од финансиска природа/документ. Трошоци ќе се појават дома поради важен настан во врска со девојка или жена. Ќе имате посебни емоции оваа недела за дете. Емоциите ќе бидат многу различни за секој еден од вас, зависно од животните ситуации.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
На почетокот на оваа недела ќе започнете конкретни разговори, чекори и активности поврзани со значајни планови и приоритети. Буквално, ќе ги маркирате работите и задачите една по една. Важен разговор или настани ќе бидат поврзани со личност во знакот на Риби, Шкорпија и Рак. Можни здравствени проблеми за жена, ваша роднина или блиска пријателка. За мажите- Риби постои нешто што може да резултира во дополнителни апарати за домаќинството, имот или транспортни проблеми кои треба да се решат. Можно е вашите акции да зависат или да бидат поврзани со личност во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Оваа седмица ќе треба да купите или испратите подарок, нешто што сте ветиле, ама сте заборавиле или занемариле. Среда и четврток ќе бидат важно денови за вас.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за мај, кликнете тука.