Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 27 ЈУНИ – 3 ЈУЛИ, 2016: Лавиците ќе добијат интересна понуда од машко лице, Шкорпиите ќе добијат пари. А вие?

Реклама

Освен жешки денови, летото секогаш носи и бурни настани. Лавиците ќе добијат интересна понуда од машко лице, Шкорпиите ќе добијат пари, но прочитајте и дознајте што ве чека токму вас !

nedelen27june first

Елизабет Тејлор (1932 – 2011) имала 8 бракови, 50 филмови, 2 Оскари…. „Претпоставувам дека кога ќе стигнат до одредена возраст, некои мажи се плашат да пораснат. Се чини дека колку се постари мажите, толку се помлади нивните сопруги.“

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела ќе иматe неколку важни очекувања и обврски поврзани со различни луѓе, главно во знакот на Бик, Девица или Јарец. Веројатност за ново познанство и за нови луѓе во семејството или професионалната средина. Жените-Овен ќе имаат трошоци за мало дете или ќе добијат пари поврзани со него. Успешна финансиска недела за младите жени. Во љубовта, работите ќе бидат непредвидливи. Можност за незадоволство, недоразбирање или запоставување од страна на партнерот. Љубомората само ќе ги влоши работите…

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа недела ќе имате причина за собирање, лична прослава, која ќе биде поврзана со женско лице. Нови љубовни состаноци за неженетите мажи-Бик ќе донесат силни и позитивни емоции. Вашите очекувања ќе бидат поврзани со телефонски разговори со лица, надалеку и блиску, или со важна преписка или документи кои ќе ја одредат иднината на вашите планови. Ќе имате шанса за патување што може да е поврзано со претходни очекувања и ставови. Неочекувано, вести ќе добиете поврзани со нечиј сериозен здравствен проблем. Може да се појават грижи за примање на голем, значаен договор или документ. Ако има одложување, не паничете. Ќе има причина, но тоа нема да биде на ваша штета.

ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Парчиња облека кои морате да ги имате во плакарот!

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Оваа недела ќе треба да поминете низ некои тешкотии со дете или внук. Ситуацијата ќе биде првенствено емотивна, без оглед со што е поврзана. Во некои случаи, може да наидете на проблеми во бракот на ваше дете, за што не може да помогнете со ништо. Неделава ќе ве изненади со вести или настани поврзани со стара љубов – поранешен брачен другар или љубовник. Тешко е да се предвиди со што точно ќе биде поврзано ова изненадување, бидејќи за сите засегнати тоа ќе биде различно. Само што не сте влегле во спор/конфликт со некој за кого знаете дека може да кажува доста непријатни работи. Ќе имате голема загриженост за можните случувања после еден таков конфликт.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Оваа недела може да се појават проблеми за мала сума пари што може да доведат до разделба, отфрлање на договор или ветување и слично. Непријатно несогласување, неуспех или друга емоционална трагедија во семејство на ваши пријатели, колеги или соседи. Веројатноста за ваша интервенција да помогнете е нула, некои работи едноставно требало да се случат. Настан поврзан со момче или млад човек може да биде повод за собирање, прослава, за посета на институција или за патување надвор од вашата заедница. Материјална добивка за младите мажи-Рак. Може да се усреќат со купување на потребни или корисни нешта.

Која професија одговара на твојот хороскопски знак?

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Оваа недела може да очекувате заокружување на семејниот буџет, трансфер на пари на ваша банкарска сметка, парични приходи од работа или од други лица од домот/семејството. Ако сте во процес на продажба или промена на имот, ќе бидете воодушевени од неговото финализирање. Пред вас е сериозно размислување за нејасни, збунувачки и малку лицемерни акции и коментари на женско лице. Ќе се обидете да дознаете што се крие зад нејзините постапки и дали и дали тие се поволни за вас или се против вас. Ќе имате важен разговор со машко лице, веројатно во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Причината за овој разговор ќе биде многу важна за него, а до одреден степен и за вас. Жените-Лав ќе добијат интересна понуда од машко лице од интимен или професионален карактер.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Оваа недела ќе имате средба со лица во знакот на Девица, Јарец или Бик, која ќе ви помогне да решите недоразбирање, непријатност или проблем. Веројатно некои лица ќе ве бараат вас за решавање на нивни сериозен проблем и вие ќе бидете во можност да им дадете помош или совет. Пријатно ќе бидете изненадени со добивка, награда, подарок, или документ за сопственост или право на сопственост на имот/стоки. Во однос на материјалиот аспект, пред Девиците е изненадување, во позитивна смисла на зборот. Обрнете внимание на вашите односи со жена која не ви е роднина, но со која сè уште имате некои контакти. Нејзинатата лукавост и лицемерие биле причината за ваша загуба неодамна. Всушност, само што не сте дознале…

ХОРОСКОПОТ ВО ПРАКСА: Дознајте кои знаци се добри, а кои лоши возачи

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Ова ќе биде поволна недела за напредок или завршување на обврски поврзани со наследување, имот од родителите, пензија и слично. Ќе имате причина да се радувате поради дејствувања, состанок или договор со женско лице, од кое може да добиете пари или други материјално-финансиска добивка. Жените-Вага може да доживеат пријатно изненадување, награда или профит. Оваа седмица ќе биде потешка за оние од вас кои поради некоја причина се одвоени од децата. Ќе се појават емотивни моменти на депресија, тага, осаменост. Ќе ве фрустрираат лоши вести поврзани со личност во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Поволна недела за патување, за комуникација со луѓе од далеку. Неочекувана средба или неочекувано чуден сон.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Оваа недела може да ве воодушеви со добивање пари, финансиски документи, вклучувајќи кредит. Во некои случаи може да добете пари од лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Лоши вести или настан поврзан со женско лице или жени. Разделба од жена може да се случи поради неможноста вашата врска да продолжи и во иднина. Најверојатно ќе откриете нешто неочекувано, ќе дознаете за илузија или измама со која живеете од неодамна, а која може да влијае врз вашиот личен или професионален живот. Сам по себе, овој настан не носи загуба, но емотивно ќе треба да се справите со нешто што носи тешки емоции. Жените-Шкорпија ќе имаат разговор што ќе предизвика неочекувана одлука или нова идеја, план. Мажите-Шкорпија ќе имаат повеќе ангажмани со роднините.

Се наближуваат одморите па еве ви совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button