Прашање: Колку Лавови се потребни да се смени една сијалица?
Одговор: Ниту еден. Лавот ќе му нареди на некој друг да ја смени.
ОВЕН (21 март – 20 април)
Оваа недела ќе доживеете многу важен настан во семејството, како веридба, свадба, животна промена или успех во животот на роднина/и. Недела на важни одлуки или промени. Конфликт или спор на работа ќе заврши позитивно за вас и во ваш интерес. Може другите, со кои имате професионални контакти, да бараат или очекуваат повеќе од вас. Успехот во работата ќе биде поврзан со вашиот став, идеи, предлози. Очекувајте приходи во семејниот буџет коишто може да дојдат од/преку друго лице од семејството.
БИК (21 април – 20 мај)
Ќе ве изненади веста која ќе ја добиете со задоцнување. Предлог или понуда може да добиете речиси во последен момент, а тоа може да предизвика да ги откажете поради неможноста да се организирате толку брзо. Бидете внимателни со вашите лични е-мејл, писма и доверливи информации за кои сте одговорни. Здравствени проблеми на девојка или жена, која живее во друг дом или друго место, ќе бидат важни. За младите жени-Бик ќе има одложување на исполнување на некое очекување/желба што ќе предизвика здравствена или емоционална непријатност. Ќе имате важен состанок или разговор со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Ќе бидете во можност успешно да спроведете планови и идеи. Понекогаш ќе добиете помош или корисни совети од луѓе/места од кои не сте очекувале таков гест. Ќе има придвижување кон вашите планови во наредните месеци што ќе бара некои подготовки. Анксиозност или загриженост за момче или млад човек кој ќе патува или се наоѓа во друга заедница. Мажите до 35 години, чија работа е поврзана со транспорт или кои користат возила, мора да биде повнимателни и претпазливи. Можен ризик од сообраќајни незгоди и непријатни ситуации, воопшто. Лоша вест поврзана со женско лице кое било посебна личност во одреден период од вашиот живот.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Избегнувајте финансиски односи со пријатели или луѓе со кои имате односи важни за вас. Ќе има разочарување, јаз во очекувања или нешто спротивно на вашите интереси. Овие настани може да доведат до тестирање на вашата врска, а во некои случаи дури и до нивно долготрајно ладење. Посветете поголемо внимание на трошоците за домот. Можеби вие или некој од вашите најблиски ќе дејствувате невнимателно, а тоа може да влијае врз вашиот буџет како целина. Можни домашни проблеми предизвикани од дете. Мора да бидете претпазливи при скапи или важни набавки поврзани со дете или внуче.
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Важна недела за контакти со родителите или постари роднини. Судбината ќе ве спои со посебна личност токму оваа недела, без разлика на начинот на кој тоа ќе се случи – во реалниот или виртуелниот свет. Стар конфликт или проблем во семејството повторно може да се разгори со голема моќ и сериозно да им наштети на односите како со брачниот другар, така и со другите роднини. Не дозволувајте емоциите да ви излезат од контрола, бидејќи е тешко да се стави скршено стакло. Важна одлука, активности, обврски и друго во врска со имот или пари што не ги користите во моментот. Во некои случаи, можна е и продажба на таков имот.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Голем проблем ќе ви се тргне од душата, најверојатно поврзан со љубовни или семејни односи. Поволна недела за лекување, опоравување и рехабилитација. Сепак, таа може да биде многу непријатна и непредвидлива доколку не сте успеале да изградите односи, или се изградени со помош на лага или измама. Тоа ќе предизвика сериозен земјотрес, разнишувајќи го вашето чувство на стабилност и непобедливост. Конкретен настан ќе ве стави речиси во ќор-сокак. Претстојат настани, вести или собирање во врска со момче или млад човек, најверојатно со некој од домот/поширокото семејство.
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Може да очекувате гости дома или вие да бидете поканети од пријатели, соседи, роднини. Претстојат сериозни разговори со роднините потребни да се донесат значајни, конкретни и итни одлуки/решенија. Вашите очекувања во врска со настаните во животот на дете или внук ќе ве вознемират, загрижат. Можеби ќе ве фати паника поради несреќа или непријатен настан во животот на дете/внуче. Генерално, ова ќе биде недела во која вашето внимание ќе биде насочено пред сè на семејството и вашите најблиски. Најверојатната причина е патување кај нив или затоа што тие се далеку од вас.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Ќе ве загрижуваат различни прашања поврзани со дете и млад човек од семејството/пријателите. Вести може да создадат паника пред целокупните информации да се проверат и потврдат. Можни проблеми со млада жена во знакот на Јарец, Девица или Бик. Очекувајте акции од девојка или млада жена, кои може да ве дискредитираат. Неочекувана надеж ќе произлезе од тежок период во одредена област од вашиот живот. Сето ова ќе се случи на некој чуден начин кој ќе ве натера да размислувате за скриените работи во нашите животи. Ќе сфатите дека тие, всушност, понекогаш го дефинираат животот, без оглед на нашите желби и напори.
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Ќе имате одредена нервоза поради колега, клиентит или менаџер. Може да се јави дилема во комуникацијата помеѓу вас. Можно е грешка во дејствувањето на една од двете страни, којашто ќе предизвика проблеми. Ќе ве израдува поволниот развој којшто вклучува промена на план за патување. Нешто што сте мислеле дека не е можно да се реализира поради разни околности, сега ќе има шанса дсе реализира. Ќе ве израдуваат вести/настани поврзани со луѓе од далеку за кои сте изгубиле надеж или не сте имале очекување за позитивен развој. Вестите во врска со настан во животот на пријател кој е далеку ќе ве растажат/вознемират.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Добри вести за идно мајчинството, раѓање, крштевки или роденден на дете. Постапките на една девојка или млада жена може да предизвикаат да донесете важна одлука или промена на вашиот став кон неа, но бидете внимателни… Можно е да сте жртва на добро обмислен план, манипулација со цел исполните нечија туѓа желба или цел. Проблеми или пречки во врска со претстоен состанок/собир од најразлични причини: присуство на луѓе за кои имате непријатни чувства или се јавуваат неколку обврски истовремено и слично. Контакти со луѓе кои имаат причина да плачат, да се жалат и да бараат помош или совет од вас.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Ќе имате корист од активностите на еден маж. Можно е да добиете помош, совети, заштита, предлог, итн од човек кого го знаете и на кого може да се потпрете поради неговата коректност. Мажите-Водолија над 35 години ќе доживеат посебен момент, којшто би можел да биде пресвртна точка за промена или успех во животот. И покрај големите очекувања што ги имате за еден план, потфат или желба, оваа недела може да подлегнете на песимистички расположенија. Порив може да се појави да го откажете планот или да вложите енергија и ресурси во нешто друго… Љубов, проблеми, недоразбирања. Расправии околу ситници, дејствија на себичност. Недостаток на трпение и толеранција може да се заканува на сериозни врски. Во случај да не постигнете помирување, тоа може да доведе до привремен или траен прекин на врската.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Кај жените-Риби над 35 години може да се јави потреба да патуваат или за друг вид ангажман поврзан со патување. Некои од вас ќе разговараат за идеја и предлог за работа поврзана со патување, комуникации, туризам, транспорт… Финансиски врски со момче/млад човек. Можно е да дадете, испратите пари на такво лице или, пак, вие да добиете пари. Мажите-Риби до 35 години ќе добијат, дискутираат и ќе потпишат финансиски документи, договори. Очекувајте продолжување на конфликт, контроверзи, конфронтација со личност со која имате заеднички професионални контакти. Веројатноста за помирување е незначителна оваа недела.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јануари 2016 кликнете овде.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »