НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 22-28 АВГУСТ, 2016! Еден знак го очекуваат пријатни моменти на задоволство, друг…
Крунисувањето на Наполеон и Џозефина (1804)
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Оваа недела можеби ќе треба да направите голем скок во животот поврзани со одредена промена. Можно завршување на одредени односи, или работа. Обрнете внимание на вашето или на здравјето на некој близок. Тешка недела од финансиска гледна точка за различни причини. Повеќето од нив се поврзани за настани од вашето минато. Сега треба да обрнете внимание на заборавени или одложени плаќања. Да ’платите’ за грешки од минатото или за немудри инвестиции и заеми. Оваа недела ќе биде еден вид на тест за вашиот дух и вера. Ништо нема да ви се случи што не е во ваша моќ да решите и ништо нема да ви се случи доколку не постои специфична причина. Научете како да ги дешифрирате знаците на вашата судбина.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Оваа седмица очекувајте среќен настан што ќе вклучува дете или млад човек. Успех или лична прослава може да биде повод за собирање или за забава надвор од домот. Бидете многу внимателни и изберете ги луѓето внимателно со кои ќе комуницирате/состанете. Постои можност од судири поврзани со тешки и зајадливи личности. Ќе се појават различни ставови за професионални, социјални или политички прашања, и друго. Неповолна недела за ново пријателство или романтични излегувања. Ако се појави можност, внимателно проверете го дотичното лице. Не брзајте да ја дадете својата довербата. Ќе размислувате за некое купување или продажба. Дајте си време за подобро да го разгледате таквиот чекор. Доколку е потребно, побарајте совет. Најважно е да не дејствувате избрзано и емотивно.
ЗОШТО ОЧАЈНО ВЕ ПОСАКУВААТ? Некои од вас се мајстори в кревет, а некои мајстори за флерт!
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела ќе бидете дарежливи кон најблиските и ќе барате начини да ги направите среќни; ќе имате интересни идеи за тоа. Може да ве чини скапо доколку добиете пари од лице во знакот на Овен, Стрелец или Лав. Мали чуда ќе ви покажат дека не сте заборавени. Може нема да го разберете она што ќе го доживеете оваа недела, ама подоцна ќе сфатите. Сега, запомнете дека секој ден е важен сам за себе. Ништо случајно не ќе се случи во текот на овие седум дена. Ќе организирате прослава дома, без разлика дали имате гости или не. Како и да е, ќе имате причина за радост и благодарност.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Седмицава ќе биде финансиски поволна, особено за жените Јарец. Ќе имате важни разговори и ќе бидете вклучени во активности поврзани со пари и финансии. Ќе бидете изненадени поради нечии здравствени проблеми. Можно е да доживеете компликација поради нова дијагноза или третман. Ќе имате проблем со некој близок кој не сака да следи одредени медицински совети или терапија. Очекувајте некои изненадувања во семејството, веројатно од роднини, и од далеку, и во близина. Непланирани посети, средби и неочекувани повици за идно собирање. Ќе ве изненадат вести за веридба или венчавка на која, на крајот, сепак ќе присуствувате.
Кои хороскопски знаци се најдобри за ‘брачен материјал’?
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Оваа недела ќе добиете пари преку документ или ќе креирате документ и ќе го потпишете, со кој треба да заработите пари или повисока плата во блиска иднина. Одложување на собир или состанок за мажите-Водолија поради неочекувани настани во животот на засегнатите лица. Сите информации оваа недела ќе се чинат чудни, со тоа што е многу веројатно да бидат лажни; работите може да бидат доста различни во реалноста. Задржете резервиран став и проверете ги работите внимателно пред да одбиете или отфрлите нешто. Ќе имате состанок или неочекувана посета при што ќе бидете информирани со важни вести. Станува збор за настан што веќе се случил во блиското минато. Поволен за вас ден: 28 август.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Во текот на седмицата ќе одите на деловно патување, патување за посебна причина. Сепак, ќе добие известување и за претстојно патување. Тоа дефинитивно ќе биде настан кој ќе наложи посебна подготовка и размислување за целта на патувањето. Можни проблеми со луѓе кои имаат свои проблеми. Тие се обидуваат да обвинуваат некој како вас. Избегнувајте мешање во односите на другите луѓе, без оглед на тоа колку сте блиску. Неочекуван настан, или вести поврзани со брак, веридба или свадба. Ќе има изненадување во вашето семејство поврзано со успех. Неочекуван предлог, унапредување, признание или награда. Важен ден оваа недела: 25 август.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за љубовниот хороскоп за август, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»
© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka