НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 20–26 JУНИ, 2016: Бикови, чувајте ги документите внимателно! Близнаци, ве чека парична добивка!
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела ќе бидете во можност да постигнете договор и помирување со пријател со кого сте имале недоразбирања, спорови или конфликт во последниве неколку дена или недели. Неочекувана ситуација или настан може да ве запознаат со нова, непозната личност, која допрва треба да биде дел од вашата иднина. Ќе очекувате развој на одредени настани во животот на роднина или пријател, бидејќи тие ќе влијаат врз вас директно. Од нив ќе зависат некои ваши идни одлуки и акции. Оваа недела ќе донесе интересни можности за жените-Стрелец во однос на финансиско обезбедување на различни планови, реновирање или преселба поврзани со домот или интериерот. Можно е да добиете пари од жена (најверојатно роднина).
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Оваа недела се можни проблеми од финансиска природа поврзани со машко лице (роднина или пријател). Тешкотии и пречки може да се појават при добивање пари преку документ, банка… Здравствените проблеми ќе бидат потсетник дека мора да ја преземете потребната нега. Избегнете го стресот и обидете се да размислувате позитивно во врска со комплексни или емоционални ситуации оваа недела. Ќе треба да помогнете во една ситуацијата која вклучува син, внук/а… Ова ќе биде малку тешка седмица за вас првенствено поради поголеми домашни обврски. Проблемите дома ќе ве чекаат вас да бидат решени. Ќе имате и повеќе одговорности кон најблиските и другите.
ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Како ќе ја саботирате долгата врска
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Оваа недела е можно собирање или разговор со многу луѓе за важни и итни проблеми, или задачи кои бараат заедничка акција. Можни здравствени проблеми на некој близок ќе почнат да се развиваат во сосема поинаква насока од она што првично сте добиле информации. Постои можност за измама од некој роднина или пријател, а тоа ќе биде тешко да се прифати. Ќе има решавање на финансиски или други односи со лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Постои можност за сериозни разговори и средби со таква личност. Оваа седмица ќе донесе голем број изненадувања за мажите-Водолија и во повеќето случаи тие ќе бидат поврзани со други машки лица.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Оваа недела се можни лоши вести во врска со ваша роднини или пријателка. Може да има неочекувана несреќа, сообраќајќа или поинаов друг стресен развој во нејзиниот живот. Работата на вашиот брачен другар или интимен партнер ќе биде важен настан или тема на разговор. Постои можност за претстојни измени на просперитетот/благосостојбата за целото семејство или врска. Во некои случаи е можно да се креира нов семеен бизнис или може да има иновации во веќе постоечкиот. Патување може да се преземе, кое ќе биде поврзано со женско лице и тоа ќе треба добро да испланира и обезбеди. Ова ќе биде поволна недела за патување, особено за мажите-Риби.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јуни, кликнете тука.
Џемс Дин стана икона и симбол на најамериканскиот феномен – на тинејџер. Неговата улога како Џим Старк, млад деликвент кој е нов во градот и се обидува да се вклопи, го овековечи Дин како симбол на секогаш бунтовната младост.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»