НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 20–26 JУНИ, 2016: Бикови, чувајте ги документите внимателно! Близнаци, ве чека парична добивка!
Почетокот на летото секогаш ветува многу. Биковите треба да внимаваат на документите, Близнаците ги чека парична добивка, но прочитајте и дознајте што ве чека токму вас !
Натали Вуд (1938–1981) и Џемс Дин (8 февруари, 1931 – 30 септември, 1955) во филмот „Бунтовник без причина“ (1955) Кога Натали Вуд за прв пат го сретнала Дин, била веднаш заинтригирана за него бидејќи на првиот ден од пробата тој влегол преку отворен прозорец, а не како што е вообичаено – преку врата
ОВЕН (21 март – 20 април)
Оваа недела пред вас се настани кои ќе ве се ослободат од некоја тежина, загриженост. Може ќе доживеете одреден стрес, но, во исто време ќе чувствувате и знаете дека тоа е неопходно, тоа е животот. Можно е да ставите крај на нешто и да започнете нешто друго, што ќе биде чекор напред. Мажите-Овен ги чека пријатен момент поврзани со домот или престојувалиштето. Постои можност за купување нов дом или реновирање на домот во кој живеете. Ќе имате мали, очекувани проблеми со парите. Ќе мора да направите итна исплата, или ќе има одложување на добивање пари. Без оглед на специфичниот проблем е, тој ќе се разјасни во рок од една недела.
БИК (21 април – 20 мај)
Оваа недела ќе има шанса за заживување на стари идеи и планови кои го вклучуваат вашето семејство или бизнис. Ќе ги разгледувате овие планови и ќе разговарате околу можноста за нивна реализација. Околностите се поповолни сега. Ќе има повторно обединување на семејството, по период на разделба или поради посебен повод. Пријателите ќе ве израдуваат со вести за ваша поврзаност во нивен неочекуван успех, среќа, напредок. Ќе добиете покана за собирање со пријателите, каде што можете да добиете корисни и интересни информации. Оваа недела очекувајте повисоки трошоци. Различни плаќања или, генерално, пречекорување на трошоците. Чувајте ги вашите финансиски документи и вашиот паричник подалеку од очите на другите или од губење во јавен простор
ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Парчиња облека кои морате да ги имате во плакарот!
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Оваа недела ќе ве воодушеви со некоја парична добивка или успех. Ќе има поволен развој на вашите активности и обврски поврзани со пари, имот или други предмети. Можеби ќе имате добредојден гостин дома. Постои веројатност од нови лица во семејството или соседството кои ќе ги среќавате со доза на сомнеж. Бидете подготвени за нови можности и поволни околности во постигнување некоја цел. Можеби ќе треба да негувате некој болен или да одите во посета на некој болен, сакан.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Поволно влијание врз вашиот живот ќе се развие во текот на неделата од женско лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Жените-Рак ќе бидат во можност да остават добар впечаток, да се претстават во добро светло во јавноста, меѓу непознати или луѓе кои имаат предрасуди кон нив. Гест на внимание или подарок ќе добиете од лице во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Конфликт ќе се развие со дете и ќе биде поврзан со неговите пријатели, ставови или комуникација. Проблем во љубовната врска или во бракот ќе искрсне во животот на ваше дете/внуче. Можно е да се влезете во конфликт што може да е поврзан со ваше дете.
Која професија одговара на твојот хороскопски знак?
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Оваа недела жените-Лав ќе имаат причина да бидат отсутни од дома. Можно патување во друго место, град или држава. Заштитете го вашиот дом од вмешување или негативно влијание, или интрига предизвикани од жена која страда од сопствената несреќа или загуба. Веројатно овие активности ќе бидат под влијание на сугестија дека вие имате вина за нејзината лична трагедија. Непријател конфликт ќе се развиве со пријател, што може да ве вознемири или да ве расплаче. Ова може да се однесува и на вашата љубовна врска, исто така. Дејствија на постаро лице најверојатно ќе ве натераат да расмислувате или да донесете непланирани одлуки и акции.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Ова седмица ќе биде погодна за неконвенционални третмани, вклучувајќи различни хомеопатски лекови или билки. Ќе има поволен развој во лекувањето на член на семејството или близок пријател. Седмицава ќе донесе помирување во одреден момент во афера поврзана со недоразбирања, несоодветен настан/реакции. Непријатни вести за време на едно патување ќе ви бидат пренесени вам или вие ќе бидете вклучени на некој начин во ваков настан. Оваа недела посериозно ќе се занимавате со расчистување на финансиските проблеми или заостанатите сметки за плаќање. Сепак, поволна недела за решавање на нејасни или проблематични односи со други лица поврзани со пари, неплатени сметки или заеми. Можно е да ве посети машко лице кое ќе побара финансиска помош или совет.
Пронајдете соодветна street style комбинација во согласност со вашиот хороскопски знак!
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Повеќето жени-Ваги ќе патуваат оваа недела или ќе се сретнат со жена која доаѓа од друго место. Генерално, жените-Вага ќе имаат голем број настани и емоции поврзани со патувања или со луѓе од далеку. Може ќе бидете тажни или разочарани од дејствијата на еден пријател, кој ќе ви даде надеж или ветување што нема да ги исполни. Постои можност за привремена разделба од вашиот интимен партнер поради пат или друга причина. Најверојатно, ќе има разочарување поврзано со личност во знакот на Шкорпија, Рак и Риби. Важна вест или настан поврзан со татко или постар брат.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Оваа недела ќе бидете вклучени во разговор или дискусии за нешта што се однесуваат на вашата иднина, иднина позиција, план и друго. Саканото лице ќе постигне успех на професионален или општествен план. Ќе бидете во можност да најдете решение, или ќе добиете помош за решавање на проблеми што се однесуваат на здравје, дете или внук. Апарати за домаќинство или имотни прашања на пријатели или соседи некако ќе ве засегнат и вас. Ќе ја запомните оваа недела поради важен состанок или собирање. Тоа може да биде повод да поканите гости дома. А и вие ќе бидете поканети кај роднини или пријатели.
Се наближуваат одморите па еве ви совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори
Премини на следната страна >>