Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 17-23 август, 2015

Реклама

И покрај топлото лето, сепак, едно е сигурно – ѕвездите се имуни на жештината и никогаш не мируваат. Еве што тие предвидоа за вас оваа недела: 

avgust3

Овен

Маркетинг

Оваа недела ќе се фокусирате на различни домашни или сопственички прашања поврзани со вашето семејство или вашиот круг на роднини. Можно е да купите куќа или подарок за роднина кој ќе има можност да ги собере пријателите и семејството заедно. Во текот на неделата ќе се налутите поради нечии многу силни обиди да ве манипулира за негови/нејзини лични себични цели. Пазете се од вмешаност во интрига или коментари што би можеле да ве посрамотат пред луѓето кои ви се важни. Сега е од голема важност да не прифатите никаква информација без да ја проверите, бидејќи околу вас дефинитивно постои некој кој има нечесни намери. Можен неочекуван судир со лице од кругот на пријатели поради неисполнети ветувања.

Бик

Маркетинг

Неделава ќе ја запомните поради посебно и незаборавно патување – ова важи за мажите во знакот на Бик. Постои можност за средба или посета на лице кое живее во ваша близина. На работното место појава на млад човек или млади луѓе ќе донесат нови емоции и расположение. Родителите во знакот на Бик може да очекуваат интересни настани поврзани со образованието или кариерата на нивните деца. За Биковите до 35 години ќе се појави можност за професионално напредување. Добрата вест ќе дојде од или ќе има настан поврзан со жена во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.

avgustprva

Близнаци

Ве очекуваат значајни средби, посети и обврски поврзани со решавање на различни монетарни прашања, финансиски документи и друго. Тие ќе бидат важни за целото семејство, а не само за вас. Ќе добиете пари, но тоа ќе биде, главно, преку роднини или луѓе со кои имате блиски односи. Грижа за повисоки трошоци може да се појави, но таа ќе биде само привремена. Финансиски односи се развиваат со Близнаци, Водолија или Вага. Опасност или несреќа може да се случи вклучувајќи дете/млада личност. Следува пресвртна точка во животот на дете/младо лице или ќе има некој настан што може да го промени неговиот живот на некој начин.

Рак
Оваа недела е комплицирана; развојот на важни работи и обврски може да биде забавен. Може да се очекувате одбивање или загуба поради нелојалност, љубомора на другите луѓе. Ова ќе биде недела што ќе ве натера да размислувате сериозно за веќе воспоставените односи, без оглед на нивната основа. Сите досегашни проблеми се случуваат токму за да ве провоцираат да направите сериозна селекција на луѓето околу вас. Во тешки времиња ќе добиете неочекувана или потребна помош и поддршка од лице родено во знакот на Бик, Девица или Јарец.

avgust4 

Лав
Претстои донесување на важни одлуки оваа недела, што на некој начин ќе имаат врска со дете или деца за важни моменти во нивните животи. Ќе разговарате за дејствија, ќе донесувате одлуки што се однесуваат на деца и тинејџери во вашата непосредна околина. Претстои патување за младите Лавови кое ќе биде во извесна мера романтично или ќе создаде неочекувана романса, авантура. Неочекувани солзи за помали проблеми или неважни ситници. Можеби е време за повеќе одмор и активности со нешта кои ќе ве ослободат од секојдневниот стрес. Мала загуба на пари, трошоци за мали деца или непотребни нешта.

Девица

Ви претстојат различни средби, дискусии поврзани со посета во финансиски, даночни или други институции. Поволно решавање на финансиски прашања и договори. Ќе размислувате како да прославите некој успех во семејството, успех на личен план или важна свеченост. Оваа недела ќе биде запаметена по некој важен настан во семејството. Ќе очекувате решавање на проблем или ситуација поврзана со лице родено во знакот на Јарец, Девица или Бик.  Тешки односи со Близнаци, Водолија или Вага, кои ќе бидат ваши опоненти во текот на овие седум дена.

avgust6 

Вага
Оваа недела ќе имате интересни, понекогаш необјасниви соништа најчесто поврзани со жени кои веќе долго време преминале на оној свет. Пораките што ги носат ќе бидат поврзани со желба да ви се помогне со совети за настан што претстои или за моменталната ситуација во вашиот живот. Можни се проблеми поврзани со домот или недвижнини што ќе произлезат поради ваша грешка, пропуст или самоувереност. Постои веројатност за појава на проблеми со соседи, станари или наемодавци. Конфликт со човек на вашето работно место кое искористува или присвојува неразумна права.

Шкорпија

Оваа недела ќе се појават проблеми со жена коишто, главно, ќе бидат од материјален карактер или поврзани со домот. Тоа е спор за недвижен имот или оспорување на такви права. Пазете се од интрига или не толку чесни дејствија против вас од личност родена во знакот на Шкорпија, Риби или Рак. Веројатноста за сериозни повреди е преголема. Претстои одбивање на ваша лична идеја или план токму поради ваквите настани.  Аспектирани се настани поврзани со роднина роден во знакот на Лав, Овен или Стрелец, кој живее во друго место.

avgust7

Стрелец
Ќе има разоткривање на неочекувана вистина, тајна, или настан во кој е вклучено дете или млад човек. Ќе има одложување на претходно направените договори, како и на ветувањета да се даде шанса за промена или нова можност.  Претстои успех и напредување во личниот или професионалниот живот. Успешно ќе завршите некоја судска постапка/парнца. Проблемите во семејството постепено ќе завршат со природно решение. Постои можност да се стабилизираат и да се усогласат семејните односи или да се расчистат личните недоразбирања.

avgust8

Јарец
Тешкотии ќе се развиваат,првенствено, на личен план и ќе ја направат неделава покомплицирана за мажите, отколку за жените-Јарци. Може ќе имате причина и да плачете, и покрај заблудата дека мажите не плачат.  На крајот на неделата, ќе бидете изненадени од неочекувана шанса или среќа, коишто ќе ви ја дадат потребната можност да излезете од деликатната состојба. Ќе разгледувате можност да одите на пат што ќе се докаже како комплексен, проблематичен или скап. Ќе дознаете за здравствени проблеми на роднина кој живее далеку од вас. Постои можност за конфликт со жена родени во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Пречките во вашите секојдневни планови, главно, се поврзани со жени.

Водолија

Оваа недела може да се развие во интересна, корисна и ветувачка финансиска врска со жена родена во знакот на Јарец, Бик или Девица. Ќе треба да ги покриете трошоците на девојка или млада жена од вашето семејство за нешто убаво. Ќе добиете вест поврзана со непријатен настан во животот на лице родено во знакот на Вага, Водолија или Близнаци. За некои од вас претстои поволно решавање на прашање во врска со наследство. Ќе имате случајна средба или контакт со некого кој во минатото бил ваш пријател или дел од професионалната средина.  Наскоро ќе се разделите од пријател/ка, поради негово/нејзино заминување на пат.

avgust9
Риби
Оваа недела ќе се грижите за себе или за вашето семејство со купување на нешто непотребно за домот или за семејна удобност. Поволна решавање на парница или обврска во врска со домот.  Ќе одите во посета на луѓе кои имаат сериозни лични грижи и проблеми. Претстои средба или дружење со лице родено во знакот на Стрелец, Овен или Лав. Кај помладите Риби можна е промена на платата или други исплати за професионално/јавно ангажирање.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button