СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела очекувајте вести, телефонски повици или пораки од жена од друга заедница. Тоа може да е ваша роднина, пријателка или деловна партнерка. Некои работи што таа ќе ги сподели ќе бидат поврзани со загуба во нејзиниот живот. Оваа седмица ќе има собирање или важен настан во семејството или во вашиот дом. Ќе разговарате за брак на ваши роднини или пријатели, настани што се случуваат или допрва ќе се случуваат. Ќе имате финансиски проблеми, кои допрва ќе треба да ги решавате, повисока исплата или одложување на пари што ги очекувате. Разговор ќе се води за финансиски проблеми на лица од вашиот круг на пријатели или професионалната средина. Можни се трошоци за вашето или за здравјето на некој близок.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Оваа седмица може да ве воодушеви со подарок или гест на внимание и од роднини и од луѓе со кои имате заеднички професионални или комшиски контакти. Поволна недела за средување документи или други активности што се однесуваат на куќа, автомобил или друг скап имот. Разделба од лице кое лично си ја кове својата судбина со негативни постапки, зборови, начин на живот. Внимателно прифатете го интересот на непознати/туѓинци за вас. Изненадувањето оваа недела е поврзано со неочекувано добри вести за вас во врска со пари, профит, зголемување на платата и слично. Испробајте си ја среќата во игрите на среќа, ама со мала количина на пари.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Во текот на оваа недела ќе имате одредена лутина во врска со колега, клиент или менаџер. Може да се случи дилема во комуникацијата помеѓу вас. Можно е и некоја грешка во активностите на едната од двете страни да предизвика проблеми или конфликти. Ќе ви биде драго поради поволен развој на една ситуација за промена на план за патување. Нешто што сте мислеле дека нема да биде реализирано поради разни околности сега ќе има шанса да се оствари. Ќе ве израдуваат вести или настани поврзани со луѓе од далеку, за кои сте изгубиле надеж или не очекувате позитивен развој. Вести во врска со настан во животот на пријател кој е далеку од вас ќе ве натажат или вознемират.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Оваа недела ќе посветите поголемо внимание на вашите лични финансии и финансиската состојба на вашата фирма (ако ја имате). Сте направиле или очекувате сериозни трошоци, но сега е време да ги проверите вашите ресурси, да планирате, да барате нови извори на приходи, или да преземете мерки за штедење. Сега е можно е да се реализира одложен собир, состанок или разговор. Ви претстојат важни контакти и разговори со лица во знакот на Рак, Шкорпија и Риби кои живеат далеку од вас. Планови и обврски поврзани со момче или млад човек, веројатно од семејството. Успешна седмица за заедничко дејствување и работа со деца, млади луѓе и секакви планови поврзани со нив. Средба или комуникација со машко лице во знакот на Овен, Лав и Стрелец може да ве исполни со оптимизам и надеж.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, додека за месечниот хороскоп за мај, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»