ЛАВ (21 јули – 21 август)
Оваа седмица ќе ве изненади со вест која ќе ја добиете по извесно одложување од различни причини. Предлог или понуда може да добиете, речиси, во последен момент и тоа може да предизвика да го одбиете истиот поради ваша неспособност да се организирате толку брзо. Бидете внимателни со личните и-меил пораки, писма и доверливи информации за кои сте одговорни. Здравствени проблеми на девојка или жена која живее во друг дом или друго место ќе ви бидат важни. Младите женски припаднички на овој знак со задоцнување ќе реализираат некое очекување или желба што ќе предизвика здравствена или емоционална непријатност. Ќе имате важен состанок или разговор со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Оваа недела ќе имате прелиминарни очекувања за реализирање на состаноци и задачи. Вашите очекувања во голема мера ќе се реализираат, но ќе поминат низ некои проблеми или вие ќе имате здравствени проблеми. Грижа или вести поврзани со здравствени проблеми на лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Оваа седмица ќе завршите некоја задача, професионални или семејни обврски, нешто што сте започнале пред извесно време. Резултатот ќе биде малку контроверзен, но ништо не може да се промени сега. Вести во врска со животна разделба со лице кое оставило убави спомени во вашиот живот. Може да се појави спор или конфликт од финансиска природа што се однесува на дете или млад човек. Веројатно ќе имате несогласувања околу прашања поврзани со купување, споделувањето на имот, штета, незгоди и слично.
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Оваа недела ќе имате важни разговори во врска со образование, работа или бизнис на лице од семејството. Ќе имате покана или телефонски повик за претстоен состанок или одење на гости. Ќе размислувате за нереализираните планови досега. Некои од нив си уште се релевантни, но можеби им треба мали промени, или ќе треба да продолжите да бидете трпеливи во однос на нивната имплементација. Тоа ќе ви пречи и ќе ви создаде тензија поради недоразбирањата во личните односи меѓу луѓето кои ги познавате. Очекувајте добри вести поврзани со решавање на нечиј здравствен проблем. Поволни промени или третман на некој близок ќе бидат завршени.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Најважните планови за вас ќе бидат поврзани со пријателите. Можно е да има собир поврзан со нечија прослава. Во текот на седмицава еден гест на внимание, подарок, награда или друг вид на добивка може да ве изненади. Наскоро ќе ги добиете пари што, веројатно, биле одложени од различни причини. Можно е да добиете пари за работа/услуга што сте ја извршиле неодамна. Ќе ве посетат луѓе кои имаат некој вид неволја или вие може да стапите во контакт со луѓе кои успешно решиле сериозни проблеми.
Премини на следната страна >>