Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за период од 16 до 22 мај 2016 година

Реклама

За момент запрете, земете воздух и повторно проценете што сте направиле во последно време. Пред вас е одлична седмица да ги испланирате вашите следни чекори.

nedelen16maj prva

„Ако не излезете надвор од ’кутијата’ во која сте израснале, нема да сфатите колку многу е голем светот“ – Анџелина Џоли

Маркетинг

 

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела ќе бидете нетрпеливи, чувствителни и сомничави за се што е поврзано со пари. Прекумерни емоции може да предизвикаат проблеми, особено со вашите најблиски. Ќе имате лични проблеми или грижи за девојка или млада жена која е далеку од вас. Важни настани ќе се случат во врска со посета или патување поврзани со жена во знакот на Бик, Јарец и Девица. Лесни здравствени заболувања може да се појават кај мажите- Овен. Пред вас е седмица во која повеќе ќе се грижите за другите, отколку за себе. Проблемот е што сте подложни вашите проблеми, спорови, малаксаност и слично да ги доживувате со повеќе емоции. Доколку може да ги контролирате емоциите, ќе имате една интересна недела!

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа недела може да ве изненади со неочекувани трошоци. Може да добиете потсетување за пропуштени исплати или можеби сте ги заборавиле. Ќе имате итна исплата или трошоци поврзани со наследен имот од почината роднина. Можно е да добиете пари од машко лице поради момче или маж во семејството. Мажите- Бик ќе имаат поволна седмица во однос на финансиите. Ќе бидете во можност да се справите со притисокот поврзан со одредени долгови и обврски. Оваа недела може да добиете вести или телефонски повик коишто најпрво ќе ве растажат или вознемират, а потоа и ќе ве разлутат поради одредено лице или институција. Ќе се посветите на сериозен конфликт или проблем во животот на вашите најблиски или пријателите.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Оваа седмица ќе биде тешка главно поради недостаток на толеранција за дејствија, грешки и неодговорност кај луѓето со кои живеете или работите. Спорови и конфликти често ќе искрснуваат, но нема да ги прекинат вашите односи. Ќе имате неочекувани гости дома кои ќе дојдат за добро или за радосна вест. Веројатно ќе бидете поканети да посетите некого за посебна, свечена пригода. Ви претстои неочекуван состанок или ново познанство, што ќе се случи во вистинското време за вас. Лесни здравствени заболувања може да се појават кај жените-Близнаци; тоа ќе биде знак за промена во начинот на живеење. Важен разговор може да водите со девојка или млада жена која ќе биде предмет на загриженост поради деликатна тема.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Оваа недела пазете се од ветувања. Бидете особено внимателни при добивање примамливи понуди и предлози поврзани со патување, работа или живеење во странство. Пазете се од секаква измама, манипулација поврзани со луѓе, организации или компании кои не се во вашиот град или држава. Емотивно, оваа недела ќе биде променлива за вас. Ќе имате моменти на паника, олеснување, радост или тага. Ќе чувствувате дека ви недостасуваат лица родени во огнени и воздушни хороскопски знаци, кои веројатно се ваши роднини или многу блиски пријатели. На работа ќе имате повод за радост и задоволство. Постои, сепак, веројатност за појава на тензии во односите со колега или клиент, како резултат на љубомора, себичност, барање лична добивка и други.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button