НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот 15-21 август, 2016! Дознајте какви убави изненадувања ве чекаат
Марлон Брандо и Мерл Оберон како Наполеон и Џозефина во филмот Desiree
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Оваа седмица ќе ве оптовари со многу одговорности и задачи, и дома и на работното место. Во некои случаи, можеби ќе треба да земете дел од вашата работа да ја завршите дома, затоа што имате рокови кои ве притискаат. Некој од вашиот дом ќе доживее радост поради успех во образованието или работата. Ќе има успешното завршување на нешто важно за вас, вклучувајќи реновирање или промена во домот. Ќе добиете кеш пари од машко лице. Може да очекувате добри вести во врска со претстојни приходи, профит и многу повеќе. Поволна седмица за подмирување на парични прашања поврзани со јавна институција или банка. Ве очекува важен разговор или предлог од финансиска природа.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Оваа седмица не наговестува некои посебни настани на работа или во вашиот љубовен живот, во семејството или во јавниот живот. Но, сè што е поврзано со пари, финансиски документи ќе треба да биде под посебен надзор од вас лично. Ќе треба да направите внимателно испитување на детали од предлозите што ќе ги добиете. Ќе бидете одговорни за решавање на финансиски проблеми на некој близок или пријател. Бидете внимателни и претпазливи, бидејќи веројатноста за вие лично да изгубите или да бидете во тешка ситуација е голема. Избегнувајте ризични или коцкарски активности поврзани со пари. Очекувајте состанок, посетата во домот или разговори за различни проблеми. Ваша желба е да се завршат непријатните работи пред почетокот на септември.
ИНДИЈАНСКИОТ ХОРОСКОП ЈА ОТКРИВА ВАШАТА ВИСТИНСКА ПРИРОДА: Во што сте најдобри, а каде се сопнувате
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Ве чекаат важни разговори и договори од личен или професионален карактер.
Може однапред да се радувате на ново лично или професионално познанство. Неочекувана тага поврзана со женско лице и настаните во нејзиниот живот. Можно е вие лично да бидете разочарани од неисполнети ветувања или залудна надеж што ви ги дала една жена. Ќе посветите време на размислување за разговор или писмо со/од личност во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Важни информации кои мора да се рационализираат, оценат и вреднуваат без разлика дали тоа е во ваша корист или не. Пред сè, оваа недела внимателно ќе ги следите личните е-мејл пораки или документи што ве обврзуваат на некој начин.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Оваа недела ќе ви се даде можност да се радувате за некои вести што ќе ги добиете од некој непознат. Ќе ви биде мило поради ново приватно/професионално познанство. Покана за собир или состанок од лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе треба да изберете подарок за претстоен собир. Лоши вести поврзани со лице кое ви е блиско ќе предизвикаат да размислувате за трајните вистини поврзани со животот. Ова ќе биде причина во текот на неделата да имате ваши моменти на размислување, тага и потреба за приватност.
ЗОШТО ОЧАЈНО ВЕ ПОСАКУВААТ? Некои од вас се мајстори в кревет, а некои мајстори за флерт!
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Оваа седмица ќе има важен настан во семејство што вклучува дете или внук. Ќе разговарате за работа или бизнис со близок пријател, сосед, бизнис партнер. Можно е да ве замолат за некоја услуга или да завршите некоја работа за која треба квалификации и искуство. Во посета на вашиот дом ќе дојде личнот која е носител на јавна функција за одредена цел. Неочекувана здравствена слабост може да ве лиши од можноста да бидете физички активни и доволно енергични да спроведете заложби и обврски во текот на неделата. Проблемите со кои ќе се судрите може да влијаат врз вашата физичка, ментална и емоционална состојба.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Оваа недела ќе ве вклучи во настани околу дете или внук. Можно некој кој учи, работи или живее во странство. Постои можност за важни настани, како патување, добивање пратка/документ/пари… Поволна седмица за патување за младите Риби. Очекувајте важен повик или состанок со жена над 35 години. Ако сте вклучени во судски постапки или имате потреба за решавање на правен случај/документи, тогаш околностите се значително на ваша страна. Може да добиете вести поврзани со нечии здравствени проблеми, но лицето ќе биде во можност да закрепне релативно брзо и успешно.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за љубовниот хороскоп за август, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»
© Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира, на било кој начин и на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Stipka