Како хороскопските знаци планираат љубовен состанок?
Девица – Час по оригами, проследен со одење во ултра хигиенски ресторан проектиран за хемиски чувствителни лица
Шкорпија – Гледање на филмот „Фантом од операта“, чашка пијалок во бар, па извештачена симпатија полна со вибрации на интензивен копнеж по ’страшен’ секс
ОВЕН (21 март – 20 април)
Нови финансиски и деловни можности. Поволни финансиски и професионални односи со лица во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.
Обврска да средите/порамните финансиски договори или односи, коишто, најверојатно, ќе бидат поврзани со луѓе или компании вклучени во други порамнувања.
Ќе добиете пари за кои сте биле известени во 2015 година.
Емотивни проблеми за некои брачни парови што се должат на неверство, недостаток на внимание и почит кон другиот партнер и кон неговите/нејзините потреби.
БИК (21 април – 20 мај)
Тешка недела главно поради недостаток на толеранција за дејствија, грешки и недостаток на одговорност на луѓето со кои живеете или работите. Споровите и конфликтите сепак нема да ја прекинат вашата поврзаност со нив.
Неочекувани гости во вашиот дом ќе дојдат за добри/ радосни вести.
Ќе посетите некого поради специјална, главно, весела пригода. Неочекувана средба или нов познаник, што ќе се случи во вистинското време за вас.
Лесни здравствени заболувања кај жените-Бик; тоа ќе биде сигнал за промена во начинот на живеење.
Важен разговор со девојка или млада жена што ќе ве загрижи поради деликатната тема.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Избегнувајте проблеми со машки лица. Дури и ако овие проблеми се за ситници, тие може да се претворат во торнадо кое може да го уништи она важното во вашите односи или планови.
Може ќе се растажите поради некои повреди или незгода дома.
Немарно однесување на дете може да доведе до оштетување на важна или скапа своина или други предмети.
Ќе размислувате како да откажете планови, обврски и ветувања поради нови околности и цели.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Очекувајте посета од пријатели, којашто не мора да има одредена причина.
Можно е да очекувате или будно да следите со интерес вести или настани поврзани со нови соседи, колеги и слично.
Лоша вест во врска со незрела акција или грешка на еден млад човек.
Тешка комуникација со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец.
За жените-Рак можна потреба да отпатуваат во врска со женско лице.
Дури и сега може да имате интересна, динамична и комуникација, важна за вашата иднина, со жени, пред си, со оние кои живеат во друга заедница.
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Можни проблеми со туѓинци/странци или со луѓе кои имаат тежок карактер и кои живеат во друга заедница.
Бидете внимателни во справување со луѓе во знакот на Бик, Девица и Јарец.
Проблеми може да настанат ако треба да патувате оваа недела. Бидете претпазливи и тактични со луѓето со кои ќе патувате, но и со видот на превоз што ќе го користите.
Претстојат радосни настани поврзани со значајна промена која се наѕира. Може да бидете задоволни со понуда, покана или признание за вашата работа и упорност.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Можно разочарување од девојка/млада жена, коешто е поврзано со пари, финансиски документ, или кредит.
Жените- Девица да се повнимателни и попретпазливи во врска со пари што ги чекаат оваа недела.
Корисни и интересни средби, како и важни информации во врска со настани што веќе се случиле.
Интересни контакти (но не секогаш пријатни) со лица во знакот на Риби, Шкорпија и Рак.
Конфликт може да се развие со млад човек кој ќе биде вклучен во некој спор или се спротивставува на важно семејството или вашата работа.
Непријатен настан, како на пример конфликтот што вклучува љубомора, во којшто една страна ќе открие тајни од минатото, грешки и други работи претходно несподелени.
ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Поволна и успешна недела во однос на добивање пари и за сите финансиски прашања.
Може да добиете пари за дете или од некој во врска со дете кое живее одвоено од вас.
Успехот во врска со деца, раѓање на дете, роденден и други.
Некои ќе сфатат дека нешто претходно искусено како загуба ќе биде основа за успех или нова можност.
Привремена разделба во семејството или со некој роднина како резултат на патување, студирање, бизнис, посети и друго.
Неочекувани здравствени заболувања за вас или некој близок ќе бидат повод за размислување и за преиспитување на причините за оваа состојба.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Може да очекувате промена во вашиот личен живот или семејството како резултат на неочекувани вести, понуда, покана и појава на нова поволна ситуација и можности.
Бидете отворени за нови работи, за поголема храброст и активност, така што не ќе ја пропуштите шансата.
Лошата вест во врска со лице од вашиот круг на пријатели или професионална средина. Можни несреќи или лична драма може да се случува во животот на таквата личност.
На работа, бидете попретпазливи во однос на вниманието и благонаклоноста на жена во ваша близина. Можно е таа да имаат лична цел во врска со вас.
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Очекувајте вести, телефонски повици или пораки од жена од друга заедница – ваша роднина, пријателка или некоја со која имате деловни односи. Некои од работите што таа ќе ги сподели ќе имаат врска со загуба во нејзиниот живот.
Собирање или некој важен настан во семејството или во домот. Ќе разговарате за брак на ваши роднини или пријатели.
Потешки финансиски проблеми кои треба да се решат, повисоки плаќања или задоцнување на пари што ги очекувате.
Разговор за финансиски проблеми и грижи на ваши пријатели или колеги на работа.
Можни трошоци поврзани со вашето лично или со здравјето на некој сакан и близок.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Ќе бидете фокусирани на некој важен настан во животот на ваши пријатели, најверојатно поврзан со идно или веќе родено дете.
Ќе имате тешки односи со пријатели кои се помлади од вас што се должат на основните разлики и верувања што вие и тие ги имаат за животот.
Неочекувано ќе откриете измама, злоупотреба на доверба или на вашата позиција и други негативни или дискредитирачки акции. Добрата вест е што и да е во прашање, тоа е оставено во минатото и не успеало да ви предизвика голема штета или загуба.
Изненадување може да очекувате од жена која живее одвоено или далеку од вас.
За жените-Јарец, можно е неочекувано губење на документи или лични е-мејл пораки.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Искористете ја максимално оваа недела за напредок и спроведување на професионални планови и идеи. Ќе имате можности за нови контакти, сугестии, помош од важни и благонаклонети луѓе.
Успех на работа, што може да ви донесе дополнителен приход.
Во целина, оваа недела е поволна и успешна на многу начини.
Очекувајте интересни контакти со лица во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Можно е да развиете ново познанство со таква личност.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Ќе се лутите на некој кој се однесува неразумно, но тоа ќе биде на ваша штета. Активностите на тоа лице ќе влијаат врз вашиот личен или семеен буџет, вашиот приход од вработување, бизнис и друго.
Можно е некоја ваша грешка/пропуст да ве чини доста пари неделава.
Може да изберете да купите подарок за син, внук и друг млад човек, но и покрај нивните добри манири, ќе може да го почувствувате разочарувањето од вашиот избор. Ако се наоѓате во слична ситуација, избегнете изненадувања и побарајте претходно мислење од тоа лице.
Можни домашни или транспортни проблеми за мажите-Риби до 35 години.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, додека месечниот хороскоп за јануари 2016 година ве чека овде.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »