Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за периодот 1-7 авгут, 2016: Близнаците ќе имаат интересен љубовен живот, а Раковите посебни моменти. Што ве чека вас!

Реклама

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Во текот на неделата ќе сретнeтe пријатели кои не сте ги виделе долго време, поради нивно отсуство и престој во друг град/држава. Можно е да се соберете со пријателите кај вас дома. Лоши вести ќе ве изненадат и фатат неподготвени. Тоа може да биде поврзано со ваши лични или професионални контакти, планови и слично. Неочекуван радосен настан за жените-Ваги до 35 години, што ќе биде причина за мала прослава, или ќе се базира на успех важен за вашата иднина. Ќе размислувате за некое купување, инвестирање, реновирање во домот и за иновации во бизнисот. Важни контакти и разговори со личности во знакот на Бик, Девица или Јарец.

Маркетинг

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Маркетинг

Оваа недела многумина од вас ќе треба да решваат различни видови проблеми поврзани со деца или млади членови на семејството. Тешка и проблематична седмица за работа со деца или обврски поврзани со групи деца и млади луѓе. Ќе имате повеќе трошоци отколку приходи. Можни пречки и тешкотии во добивање пари, составување документи и договори од финансиска природа. Помош во финансиските прашања може да добиете од лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Пријатни настани од семеен карактер: роденден, именден, веридба, свадба, годишнина… Важен настан или вести поврзани со роднина во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Очекувајте успех од службено патување… Поволна седмиц да започнете нова работа во друг град или држава.

Одморите се во тек, па еве ви совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Оваа недела, мажите-Стрелци постари од 35 години ќе мора да преземат поголема грижа за здравјето. Иако сте загрижени, подобро е да се консултирате со лекар за да добиете појасна слика за здравствена состојба. Загриженост или вести поврзани со здравјето на роднина: дедо, татко или нивни најблиски. Бидете многу внимателни за финансиски документи, добивање пари, склучување договори со банки, кредитни институции… Ако не сте сигурни, барајте консултација со експерт или адвокат. Во целина, седмицата биде успешна со, речиси, целосна реализација на планираното. Поволно време за судски или правни постапки, промени, контакти со државни институции или органи. Ќе доживеете неочекувано пријатно изненадување. Жените-Стрелец ќе имаат деликатен однос со син или внук.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Ќе се сретнете со роднини или ќе се соберете со семејството во вашиот дом за важна прилика. Ви претстојат неколку интересни настани што ќе донесат повеќе возбуда во секојдневниот живот. Среќа, ваш личен успех или нечиј близок, исто така, може да биде причина за дружење или мала прослава. Финансиски работи и обврски за жените над 35 години и помладите мажи-Јарец. Нема знаци на нешто непријатно, па тоа ќе биде или рутинска обврски или нешто што е во ваша корист и интерес. Избегнувајте купување на промоција, попуст. Оваа недела нема да имате среќа во таквите нешта и повеќе ќе фрлите пари отколку што ќе добиете нешто. Чувајте ги личните предмети и пари, особено на јавни места. Вести од друго место ќе ве растажат или разочараат, бидејќи доцна ќе бидете известени или ќе добиете застарен предлог и слично.

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: Откријте каде вашиот знак ќе ја запознае сродната душа

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Оваа недела, мажите-Водолија над 35 години ќе имаат спор, конфликт и момент на тензија поврзан со пари, финансиски документ или договор. Бидете внимателни при давање и земање пари од машко лице, особено ако не го познавате добро или има сомнителна репутација. За некои од вас ќе се појави грижа за здравјето на дете или непријатност, заболување за бремени жени. Избегнете престојување во неповолни временски услови за вашата состојба и бидете внимателни каква храна внесувате. Некој ваш пријател ќе биде во сериозна неволја. Во некои случаи, се работи за судски постапки или треба да направи кардинална промена во животот. Ако не знаете како да помогнете или не сте сигурни во вашата способност да бидете корисни во овој момент, подобро е да бидете искрени и да не давате надеж или неразумни совети. Во текот на неделата ќе има дискусија во домот за некои семејни тајни, интриги што влијаат врз вашето семејство или ваш роднина. Целокупната ситуација не е изненадувачка, според тоа, обидете се да ги изладите чувствата.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Неочекувани акции на личност во знакот на Овен, Лав или Стрелец ќе ве зачудат и збунат. Ќе се обидете да откриете што се крие зад нив, но, најверојатно, ќе отидете во погрешна насока. За младите жени-Риби ќе се појави ситуација која ќе ги принуди да ги реорганизираат плановите, надежите и очекувањата. Ќе треба да му се оддолжите некому, да се откажете од проект или од нешто лично. Ќе се најдете во непријатна ситуација, но добри нешта се пред вас. Оваа недела е поволна за патување, особено ако се однесува на работа со некоја посебна цел, организирање настан, собирање и слично. Поволно време за оние кои имаат работа или бизнис поврзани со комуникации, транспортот, туризмот, турнеи… Нови луѓе во најблиската пријателска или професионална средина, најверојатно претставници на Бик, Девица или Јарец. Пред вас е важна недела со интересни и настани од висок профил. Бидете отворени и динамични кон она што се случува околу вас.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за љубовниот хороскоп за авгут, кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button