Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 1-6 февруари, 2016

Реклама

Прашање: Колку Шкорпии се потребни да се смени една сијалица?

Одговор: Ниту една – тие попрво би седеле во темнина.

 

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Разочарување или тага поврзани со девојка или млада жена која живее во друго место. Комплексна и не е толку добра недела за патување за жените-Овен до 35 години. Генерално, плановите поврзани со далечни патувања се прилично разочарувачки и слаби. Важен разговор или вести поврзани со машко лице од семејството – Бик, Девица или Јарец. Обиди за тензија во вашиот дом од лице кое е заинтересирано за ова. Поволна недела за состаноци и задачи поврзани со имот или семејни предмети. Одредена количина претпазливост нема да биде вишок. Губење, кражба или сериозен проблем во животот на жена – роднина, пријателка или сосетка. Можно е вие да чувствувате извесна вина за овие настани или жената неосновано да ве обвини за нешто.

БИК (21 април – 20 мај)

Прелиминарни очекувања за реализација и спроведување на состаноци и задачи. Очекувањата во голема мера ќе се реализираат, но ќе поминат низ одредени проблеми или ќе имате привремени здравствени проблеми. Грижа или вести во врска со здравствени проблеми на лице – Рак, Шкорпија или Риби. Ќе ставите крај на задача, професионални или семејни обврски, нешто што сте го започнале неодамна. Резултатот ќе биде малку контроверзен, но ништо не може да се промени сега. Вести во врска со животна разделба со лице кое оставило пријатни спомени во вашиот живот. Спор или конфликт од материјална или финансиска природа може да искрсне што се однесува на дете или млад човек. Можни несогласувања за прашања поврзани со купување, користење на заеднички имот, штета, несреќи и друго.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Доста поволна седмица за мажите до 35 години, особено кога планови, акции и амбиции се поврзани со семејството или бракот. Можна веридба или венчавка, семејно обединување или гестови кон најблиските. Настани поврзани со мајчинството или раѓање на дете, веројатно машко. Облаците оваа недела ќе бидат поврзани со ваши пријателски односи и врски со луѓето од околината. Ќе се открие стара интрига, клевета или други негативни мерки против вас од неодамна. Може да очекувате успех во работата и образованието ако студирате. Можности за подобра заработувачка или финансиски резултати во зависност од природата на вашата работа. Можно е да донесете одлука во врска со финансиската инвестиција во вашиот бизнис, преговарање за плата или надница за одредена услуга и друго.

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Ќе бидете во можност да се ослободите од грижи, тензијии од претходните недели. Сега дури и може да постигнете успех и позитивен резултат во областа која е во коренот на вашиот стрес од претходниот месец. Се разбира, сè уште има многу работи да се разгледаат и да се анализираат добро за да се избегнат слични ситуации во иднина. Собир или гости во вашиот дом, настан кој ќе биде повод за позитивни емоции и расположение. Поволни недела за романтични состаноци, потрага по животен партнер, комуникација со пријателите. Ќе ве изненадат пари од машко лице. Може да добиете вести за добивање пари во блиска иднина коишто ќе бидат поврзани со машко лице од семејството. Мажите-Рак ќе ја испробаат среќата во лотарија или коцкање, но бидете разумни. Ќе бидете во можност да финализирате договор, сппогодба од финансиски карактер.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Може да ве изненадат вести, телефонски повик или покана од пријатели. Информациите од нив ќе бидат корисни и важни за вас. Интересни настани може да очекувате во односите со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Проблеми во вашиот љубовен живот ако имате партнер во знакот на Бик, Девица или Јарец. Истото важи и за роднини од тие знаци. Ќе биде тешко да се предвидат нивните постапки и одлуки оваа недела. Ќе ве израдува мал профит, награда, капитал. Испробајте си ја среќата со малку пари на комар или лотарија.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Може да се разбесните поради неочекувано искуството на измама или манипулација. Дури и самиот факт што некој ќе ви нуди да извршите вакво нешто ќе биде доволен да ставите крај на вашата врска. На ист начин ќе реагирате ако таква акција е вперена и против лице од вашето семејство – родител, брачен другар, дете… Ќе ве окупираат некои неуспеси или проблеми во животот на женска роднина, особено поради тоа што не можете да помогнете со ништо и поради тоа што нештата не ќе зависат само од пари. Жените-Девица над 35 може да имаат нејасна и збунувачка недела, во која тешко дека ќе донесат одлука или ќе преземат значајни чекори и дејствија. Собир поврзан со девојка или стар човек.
Гест на внимание, подарок или помош од татко, дедо или постар брат може да ве воодушеви.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Може да очекувате гости во вашиот дом или вие да бидете поканети на гости кај пријатели, соседи или роднини. Претстојат сериозни разговори со роднини поради потребата да се донесат значајни, конкретни и итни решенија/одлуки. Вашите очекувања во врска со настаните во животот на дете или внук ќе ве вознемират, загрижат. Може да ве фати паника поради несреќа или непријатен настан во животот на дете/внуче. Ќе ја следите здравствената состојба на роднина кој живее во друго место или кој ќе патува неделава. Генерално, вашето внимание ќе биде насочено пред сè кон вашето семејство и најблиските роднини. Најверојатната причина за ова ќе биде патување поврзано со нив или затоа што тие се далеку од вас.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Вашето најголемо внимание треба да биде насочено кон вашите акции, обврски поврзани со пари. Проверете ги сите и не дозволувајте да ве убедат или изманипулираат за инвестиции и пари со ветување за поголем профит и успех. Не давајте пари на заем и не земајте заем оваа недела. Важна информација или предлог ќе ве соочи со сериозна дилема. Треба да донесете важна одлука. Промена, за која не сте подготвени или не сте убедени дека треба да се направи. Претстојат неколку тешки денови, со потреба за сериозно размислување и вистинска визија за она што ви се случува. Можете да добиете предлог за понатамошна работа. Ќе направите услуга некому за што ќе добиете пари.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Ќе посветите поголемо внимание на финансиите и финансиската состојба на вашиот бизнис (ако го имате). Сте имале или очекувате сериозни трошоци и сега е време да ги проверите вашите ресурси, планови, да барате нови извори на приходи или да преземете мерки за штедење. Ќе бидете поканети на гости или седенка, каде ќе се сретнете некој којшто не сте го виделе долго време. Можно е оваа недела да се реализира одложен собир, средба или разговор. Важни контакти и разговори со Близнаци, Вага или Водолија кои живеат далеку. Планови и обврски поврзани со момче или млад човек, веројатно од семејството. Успешна недела за заедничко дејствување и работа со деца, млади луѓе и сите планови поврзани со нив. Може да се наполните со оптимизам и надеж поради средба или комуникација со машко лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Проблемите неделава ќе бидат од финансиска природа или поврзани на некој начин со пари. И иако тоа не се многу пари, ситуацијата до одреден степен ќе биде важна и одлучувачка за вас. Ќе се јави потреба од голема промена, важна одлука, посилна акција од ваша страна. Конфликтот со женско лице, што го имате или исчекувате, нема да ве изненади. На површина ќе излезат настани или вести поврзани со ваша пријателка, колешка или сосетка. Без оглед на конкретната ситуација, не се предвидува ваш личен ангажман во истата. Претпочитате да видите нешто, или да добиете информации за тоа што се случува во животот на оваа жена. Младите жени-Јарец до 35 години ќе треба сериозно да размислат за нов пријателски однос што може да прерасне во љубовен.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари) 

Изненадувањето на оваа недела ќе дојде од работа, стари колеги или бизнис-партнери, но генерално од нешто што е веќе заминато во минатото. Тоа сега ќе се однесува на повторно воспоставување стари контакти, а во некои случаи и со можност за нова обврска/ангажман. Можна неочекувана одлука да ја напуштите/промените вашата сегашна работа, поради појава на нова ситуација во животот или каде што работите. Тагата којашто некои од вас ја чувствуваат за машко лице сега ќе помине и ќе има причина да бидете среќни, смирени, со надеж. Мажите над 35 години ќе излезат од период на депресија, несигурност, страв, вознемиреност, што се должи на поволни околности или нова можност. Ќе бидете во можност да стекнете некоја недвижнина, предмети, опрема, поради преголеми трикови од некој друг или други. Така, наместо тие, вие ќе добиете.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Во текот на неделава, многумина од вас ќе имаат финансиски контакти, заеднички активности или патување поврзано со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Во некои случаи, можно е да примите или испратите пари во врска со услуга, пакет, онлајн купување… Ќе има стресна ситуација во вашиот дом или во домот на ваши пријатели, роднини. Тоа не е нешто што може да се предвиди, бидејќи за сите инволвирани таа ќе биде различна. Ќе ве израдува вест за семејството, можеби поврзана со брак, успешно решавање на тешко прашање и друго. Можно е да добите предлог за заеднички соживот, брак, повторно обединување на семејството и слично.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за февруари 2016 кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

 

Поврзано

Back to top button