НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за 2-8 мај, 2016. Дознајте дали вашиот знак е под поволно влијание на ѕвездите
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела женско присуство ќе се почувствува во вашиот живот, без оглед на вашиот пол. Можете да очекувате контакти, разговори, размена на писма, како и важни информации и подароци од девојка или жена која живее во друго место. Мажите- Стрелец ќе искусат задоцнување, потврда или предлог поврзано со важен документ. Ќе мора да донесете важна одлука и тоа ќе биде во ваша корист и ваш најдобар интерес. Ќе имате важен разговор со лице во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Жените- Стрелец се во романтична расположение и ќе имаат порив да создадат посебна атмосфера за својот сакан. Нова љубовна врска за Стрелците ќе се развие со лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Очекувајте некои изненадувања, главно, поврзани со пари, финансиски документи, кредити. Ќе имате способност да преговарате за подобра плата, подобар договор или за поголема продажба доколку се трговец. Љубовниот живот на жените- Јарец би можел да биде многу интересен неделава. Бидете активни во барање партнер, ако сте мома. Ќе имате интересни можности за формирање нова врска. Некои од вас ќе очекуваат развој на важна промена во животот на ќерка или внука. Ако сте вклучени во судски процес, очекувајте поволна интервенција или совети од женско лице.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Оваа недела мажите и жените Водолија може да доживеат радост или пријатно изненадување поврзано со машко лице. Ќе имате успех во плановите и иницијативите во кои ќе се вклучите. Дружењето со семејството или роднините ќе биде радосен настан, можеби поради роденден, именден, но и вердиба или свадба. Можно е да има почеток на ново пријателство, романса или авантура. Конфликт или тензија ќе се појават поради патување, но вие ќе најдете најдобро решение. Работите ќе се наредат на најдобриот начин за вас.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Може да очекувате интересна и позитивна седмица. Пред сè, ќе имате можност да запознаете нови луѓе, како и да создадете нови лични или бизнис контакти. Ви претстои важен состанок со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Дури и ако не е планиран, ако е навидум случаен, тоа воопшто не е случајност и ќе има влијание врз развојот на вашиот живот. Некое патување ќе биде поврзано со пријатни чувства, добивка, награда и друго. Ќе имате трошоци за дете. Може да добиете значителна сума пари поради или од дете/млад човек во семејството. Ќе прославите со пријателите поради нивен финансиски успех, добивка и слично.
Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за мај, кликнете тука.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»