Реклама
Хороскоп

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за 2-8 мај, 2016. Дознајте дали вашиот знак е под поволно влијание на ѕвездите

Реклама

 

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Маркетинг

Оваа недела спор или конфликт со машко лице ќе ви покаже дека не сте непогрешливи – и во дејствувањето и во проценката на одредени луѓе. Интересни разговори и активности ќе се развијат со луѓе во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе ви искрснат трошоци за деца, исплата на сметки, даноци и слично. И вие ќе добиете пари од деца. Финансиските околности оваа недела ќе бидат поволни за вас. Искористете ги можностите. Успехот што сте го пропуштиле пред некое време сега ќе ве наград поради вашето трпение и упорност. Среќата ќе биде со вас во важен момент, контакти…

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Маркетинг

Во почетокот на мај, ќе бидете бескомпромисни кон луѓето кои се обидуваат да ве спречат да спроведете планови или на било кој начин ја попречуваат вашата работа или создаваат други видови проблеми во вашиот личен живот. Сфаќате дека оваа недела е важна, дека ви се даваат шанси и можности, коишто не смеете да ги пропуштите поради нечие мешање, лицемерие, личен интерес или злоба. Ова ќе биде поволна недела за веридба, свадба, крштевки или годишнина. Еден од вашите главни проблеми сега ќе биде да најдете начини и ресурси да решите домашни и имотни проблеми, проблеми со апарати, автомобил и слично. Во текот на неделава ќе имате емоционално нестабилни, но важни односи со лица во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Оваа недела може да очекувате добра вест, настан или посебен гест од страна на женско лице – роднина или пријателка. Ќе имате соништа поврзани со почината жена и тие ќе бидат корисни за вас поради некоја важна порака. Во сон ќе предвидите важен пријатен момент во вашиот живот. Наскоро, семејството ќе ви стане важно, без оглед на тоа кој каде е, кој е со вас, а кој е далеку… Оваа недела ќе ве израдува со подарок, пакет, налог за пари, или, пак, вие може да си купите нешто за себе. Очекувајте позитивни вести поврзани со имот или сопственост.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Ова ќе биде недела што ќе ја запомните поради пресвртен настан, вести, одлука или промени поврзани со машко лице – роднина, пријател или колега. Што и да е конкретниот настан, ќе биде за ваше добро. Мажите-Шкорпија ќе имаат конкретен план или цел оваа недела што успешно ќе го реализираат. Можете да добиете неочекуван подарок или добивка на некој вид. Постои можност за добивка од лотарија, томбола и слично. Ќе најдете заборавен или изгубен предмет. Очекувајте среќа од некоја зделка. Жените-Шкорпија ќе бидат ангажирани во важен или неочекуван настан во домот.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button