НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП за 2-8 мај, 2016. Дознајте дали вашиот знак е под поволно влијание на ѕвездите
Ѕвездите ветуваат поволна и успешна седмица за повеќето знаци. Искористете го тоа најдобро што можете, но не заборавајте дека, речиси, сè е во ваши раце!
Ѕвездите ветуваат поволна и успешна седмица за повеќето знаци. Искористете го тоа најдобро што можете, но не заборавајте дека, речиси, сè е во ваши раце!
Софија Лорен: Ништо не ја прави жената поубава од самото верување дека е убава
ОВЕН (21 март – 20 април)
Погодна недела за решавање на прашања кои ви создаваат загриженост (вклучувајќи го и вашето здравје). Ќе имате причина и повод да се радувате за успех којшто во голема мера ќе утврди некои ваши планови за следните месеци. Жените-Овенки ќе донесат значајни одлуки во однос на партнерите кои се далеку. Одлуките ќе бидат различни и ќе се однесуваат и на блиската иднина и на прашања во подалечна перспектива. Бидете реални за она што го сакате и она што го ветувате. Изненадувањата оваа недела ќе го подигне степенот на вашето расположение.
БИК (21 април – 20 мај)
Оваа недела ќе ве испополни со позитивни емоции, особено на лично ниво. Ќе имате интересни контакти со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Поволна недела да расчистите љубовни недоразбирања. Вести може да ве вознемират поврзани со ненадејна промена во животот на роднина или познаник. Можно е овие вести да влијаат врз вашата иднина: професионална, општествена или лични ситуација и тоа ќе создаде немир за извесно време. Жените- Бик ќе поминуваат повеќе време надвор од дома поради различни професионални и општествени/социјални обврски.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Многумина од вас ќе ги ценат парите од работа, бизнис, или од хонорарни извори. Можен банкарски трансфер или заем ќе ви овозможи да испратите и/или да примите пари од друго место. Неочекувани изненадувања ќе станат ваша среќа овој или следниот месец. Ќе се обидете со разумни шанси на лото, бинго, игри на среќа… Наскоро ќе добиете признание, пофалба за вашата работа или активности во последните месеци. Многумина од вас се подготвуваат за или ќе одат на добро организирано патување.
РАК (21 јуни – 20 јули)
Во текот на оваа недела може да бидете ставени на тест во однос на љубовна или пријателска врска со пријател/ка. Ќе имате ситуација во која ќе кажете или споделите нешта за што не сте имале храброст претходно. Ќе ви биде драго поради успех на вашето работно место, предлог или признание за вашата работа. Може да добиете благодарница, награда, бонус или дополнителен надоместок. Поволна седмица за средување на разни документи и договори. Некои луѓе околу вас ќе се занимаваат со разни гласини и интриги. Делумно тие се заинтересирани и љубопитни за вас, но не потпаѓајте под манипулации и не правете ништо што може да ве посрамоти и да ве стави во непријатна ситуација.
Премини на следната страна >>