ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Доколку планирате обновување на соработката со партнери од странство или пак сакате да ја промените работата, тогаш бидете внимателни и размислете подлабоко. Избегнувајте непотребни трошоци и не ризикувајте премногу, зашто ова не е многу поволен период за вас.
Љубов
После 20-ти март односите со партнерот значително ќе ви се подобрат, а и полесно ќе успеете да најдете заеднички јазик. Оние пак кои се слободни, преку социјалните мрежи ќе запознаат некоја атрактивна млада личност.
Здравје
Бидете внимателни во сообраќајот.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Оваа недела не е најповолна за вас кога станува збор за работниот сегмент, при што некои планови за обука и усовршување нема да ви успеат, особено ако сте помлад претставник на овој знак. Избегнувајте и конфликти со колегите.
Љубов
Во овој период ќе се чувствувате особено атрактивни во вашето друштво, а и многу ќе го привлекувате спротивниот пол. Можна е средба со личност која се занимава со уметност или спорт.
Здравје
Проверете ја крвната слика.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»