РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
После 20-ти март, вашата финансиска состојба ќе тргне кон подобро. Но, бидете внимателни при извршување на обврските и потпишувањето на договори. Ќе бидете чувствителни на критиките од вашите колеги.
Љубов
Слободните претставници на овој знак може да влезат во нова врска, а оние пак кои се во врска или брак може да очекуваат бременост и проширување на семејството. Можни се и љубоморни сцени поради посесивноста на партнерот, особено ако сте во подолга врска или брак.
Здравје
Внесувајте повеќе витамини.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Оваа недела ќе имате нови деловни прилики и шанси да остварите некоја цел која има врска со заминување во странство. Избегнувајте непотребни трошоци, а овој период не ви одговара да започнувате и свој бизнис.
Љубов
Во почетокот на оваа недела ќе сретнете личност во униформа која посебно ќе го привлече вашето внимание. Оние кои се во врска или брак треба да прават повеќе компромиси и да ја подобрат комуникацијата со нивниот партнер кој пак ќе покажува посесивност и љубомора.
Здравје
Чувајте се од повреди.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Оваа недела ќе воспоставите контакт со некоја угледна личност која ќе ви отвори повеќе можности. Покрај ова, избегнувајте ризични финансиски трансакции.
Љубов
Овој период не е поволен за носење важни одлуки, особено ако немате добра комуникација со партнерот. Оние кои се слободни ќе уживаат во флертувањето. Некој Бик мисли на вас.
Здравје
Проверете ја крвната слика.
Премини на следната страна >>