ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
во почетокот на оваа недела ќе имате добивки преку соработка со странци. Ќе бидете успешни доколку се занимавате со производство на храна.
Љубов
Кај вас ќе расте популарноста кај спротивниот пол, особено ако сте маж свесен за своите квалитети. Можни се нови и интересни познанства кои ќе ги склучите преку некое кратко патување.
Здравје
Променете го начинот на исхрана.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Кон средината на оваа недела избегнувајте ризични финансиски трансакции. Подобро е да се консултирате со некоја блиска личност, отколку да избрзувате со вашите одлуки.
Љубов
Во првата половина од оваа недела, вие ќе бидете вистински магнет за спротивниот пол. Доколку сте во врска или брак, избегнувајте расправии кои само може дополнително да ви ги влошат работите.
Здравје
Намалете ја нервозата.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»