РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
во почетокот на оваа седмица ќе имате значајни добивки кои не ги очекувавте. Во втората половина пак, можни се повеќе патувања, но треба да внимавате и на односите со вашите претпоставени.
Љубов
Оваа недела вие ќе бидете во центарот на вниманието, особено кај спротивниот пол, зашто едностанво ќе зрачите со позитивна енергија. Можеби ќе започнете да флертувате и со некој ваш колега…
Здравје
Несоница.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Кон крајот на оваа недела ќе бидете во можност повеќе да заработувате, особено ако се занимавате со уметностили спорт. Сепак, избегнувајте непотребни трошоци, како и подигање кредит. Послушајте совет од еден Рак кој и до сега беше со вас.
Љубов
Втората половина од оваа недела ви нуди нови контакти и нови познанства. Една Водолија ќе се обиде да го привлече вашето внимание, но вам повеќе ќе ви се допаѓа можеби некоја Вага.
Здравје
Променете го начинот на исхрана.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Кон средината на овој период ќе имате една исплатлива соработка која ќе ве приближи до посакуваниот успех. Сепак, чувајте се да не станете жртва на нечии сплетки и интриги.
Љубов
Изненадувањата се карактеристични за вас овој период. Исто така можна е средба со некоја харизматична личност. Избегнувајте какви било расправии, особено ако сте во брак или долга врска.
Здравје
Внесувајте повеќе течности во организмот.
Премини на следната страна >>