Хороскоп од 06.05 – 12.05.2019 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Оваа недела ќе имате силна потреба да им се докажете на другите. Новото опкружување ви буди енергија, па ќе бидете полни со идеи. Јасно знаете што сакате во вашата врска, а оние кои се слободни ќе сфатат дека не треба да губат време со некој со кој немаат јасна перспектива. Добра здравствена состојба.
БИК (21 април – 20 мај)
Оваа недела ќе бидете посветени на решавање на проблемите од минатото. Колку побрзо расчистите со минатото, толку побрзо ќе влезете во еден поудобен и поуспешен деловен период кој ќе ви донесе позитивен финансиски резултат. Дајте си време на вас и на партнерот. Ако сте слободни, ќе ви се појави една млада личност во вашиот живот. Настојувајте да си го подобрите имунитетот.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Оваа недела ќе ви биде многу интересно на работното место, а притоа ќе го користите знаењето кое го стекнавте во изминатиот период. Многу претставници на овој знак ќе размислуваат за старата љубов. Избегнувајте непотребни кавги и настојувајте да се храните поздраво.
Премини на следната страна >>