ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Размислувајте подлабоко и воздржете се од бурни реакции. Пред вас се одлични можности за напредок, успех и дополнителна заработка, само треба да бидете мирни и трпеливи.
Љубов
Меркур, планетата која владее со вашето поле на љубовта, оваа недела на слободните претставници на овој знак ќе им даде можност за едно интересно познанство и тоа најверојатно преку работниот сегмент. Доколку сте во врска или брак, кај вас ситуацијата е мирна и во хармонија. Немате поголеми проблеми кои треба да ве загрижуваат.
Здравје
Вируси, проблеми со настинки и имунитет ќе бидат присутни кај вас повеќе од кога и да е.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Оваа недела ќе успеете да реализирате повеќе од проектите кои сте ги започнале во изминатиот период. Пред вас стои одлична соработка со личности од вашата околина кои ќе ви бидат од голема помош. Иако повремено ќе се појават мали несогласувања, сепак, вие ќе бидете разумни и ќе успеете да се справите со нив на вистинскиот начин.
Љубов
Оние Риби кои се преокупирани со работните обврски, оваа недела ќе искусат многу несогласувања со саканата личност. Потрудете се да најдете повеќе време за вашиот партнер… Слободните Риби пак ги очекува одличен период исполнет со љубовни авантури. Сепак, внимавајте, можни се и заљубувања во некоја зафатена личност…
Здравје
Настојувајте да шетате што е можно повеќе на свеж воздух.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»