ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Ситуацијата на работа не ви е лоша, но не може да се каже и дека сте целосно задоволни. Најмногу ве пречат лошите контакти со вработените и сплетот на околностите. Но, покрај ова, ќе дојдете и до лесна заработка на пари.
Љубов
Ќе бидете особено чувствителни кога се во прашање љубовните односи. Нема баш најдобро да се снаоѓате со таа претерана чувствителност и емотивност и постојано ќе чувствувате незадоволство и немир. Доколку сте слободни, ќе забележите дека две личности се во ваша близина, една од нив има партнер, а вие ќе чувствувате привлечност токму кон неа.
Здравје
Не бидете толку мрзливи и почнете со поголема физичка активност. Кај постарите припадници на овој знак можни се проблеми со циркулацијата и крвниот притисок.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
И среќата во работниот сегмент оваа недела ќе биде на ваша страна. Соработниците ќе бидат задоволни од вас и вашата креативност ќе биде особено нагласена. Искористете го ова време за максимално да напредувате!
Љубов
Ќе имате повеќе додворувања и интересни случувања со спротивниот пол. Целосно ќе се фокусирате на една личност и ќе сакате да го искористите секој момент за да се наполните со позитивна енергија. Ќе уживате во деновите коишто следуваат… Оние кои се во врска или брак исто така ќе бидат во добри односи со саканата личност. Да, имате и вие понекогаш проблеми кои ви носат нервоза, но умеете да комуницирате одлично.
Здравје
Без разлика дали сте помлад или постар претставник на овој знак, треба да внимавате да не се повредите. Исто така некои од вас може да имаат проблеми со варањето или желудникот.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Оние кои се занимаваат со приватен бизнис треба повеќе внимание да обрнат на своите соработници, но и на нови договори. Генерално гледано, комуникацијата со оние со кои соработувате може да ви биде повремено напната, но вам ви претстојат многу можности кои ќе ви ветат одлични резултати во иднина, особено ако бидете упорни.
Љубов
Секој ден поминат со вашиот партнер ќе ви поминува во нервоза и расправија. Ова не мора да значи дека имате огромни проблеми, туку сега вам ќе ве нервираат и некои мали ситници кои ќе ви го рушат расположението. Размислете викендот којшто доаѓа да го поминете некаде на помирно место, за да ги средите вашите мисли. Оние кои се слободни ќе започнат некоја тајна врска, а можеби ќе влетаат и во некој паралелен однос…
Здравје
Оваа недела ќе бидете склони кон повреди, па затоа бидете внимателни повеќе од кога и да е. Постарите може да имаат проблеми со жолчката.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Оваа недела ве очекуваат мали недоразбирања со колегите. Генерално гледано, ќе бидете вознемирени, но истовремено ќе имате и можности за нови соработки при што дополнително ќе се мотивирате, зашто ќе ја имате и поддршката од другите.
Љубов
Местата каде што излегувате може да бидат полни со изненадувања за вас. Може да комуницирате со личност која истовремено ќе ве инспирира и ќе ви биде интересна. Што се однесува до оние кои се во врска или брак, можни се некои недоумици или сомнежи, но успешно ќе успеете да се справите со нив.
Здравје
Најдобро ќе се ослободите од напнатоста преку физичка активност и преку прошетки. Бидете што повеќе на свеж воздух.
Премини на следната страна >>