Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Слободните Ракови ги очекува бурна недела, а Вагите лесна заработка

Реклама

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Маркетинг

Работа

Оваа недела ќе имате кратки рокови и нервоза, а вие ќе бидете понервозни од кога било. Внимавајте да не дојдете во судир со вашите колеги или надредени. Научете како да бидете поорганизирани и сконцентрирајте се максимално на она што се бара од вас.

Маркетинг

Љубов

Ова ќе биде бурна недела, особено за слободните Ракови. Ќе имате повеќе љубовни прилики и секоја од нив може да ве воведе во една нова и убава љубовна приказна. Ваше е само да изберете нешто од она што ви се нуди. Доколку сте во врска или брак, вам ви претстои солидна ситуација, со мали напнати моменти кои најверојатно ќе ви предизвикаат моментална нервоза.

Здравје

Оваа седмица ќе биде неповолна за вас кога е во прашање здравјето. Освен проблеми со варењето, ќе чувствувате и тегоби поврзани со црниот дроб и желудникот.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

Би било добро оваа недела да не реагирате на некои провокации или претерани барања од страна на вашите соработници, особено ако оваа работа се поврзува со странство. Ќе дојдете до одредени решенија во ваша корист, но преку нови и креативни идеи.

Љубов

Оваа седмица ќе бидете во чудесна хармонија со вашиот партнер и ова ниво ќе успеете да го задржите подолг период. На моменти можеби нема да имате разбирање, но тоа нема да доведе до неповолни ситуации. Оние кои се слободни може да запознаат некоја личност која е чудна, но и посебна на еден свој начин. Малку е веројатно дека оваа недела ќе можете да го направите вистинскиот избор.

Здравје

Чувствителни сте на промените на времето, па лесно може да настинете, Постарите Лавови може да имаат проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

Иако пред вас стои добра недела, очигледно е дека не ќе можете да избегнете некои напнати моменти со вашите соработници. Потрудете се повеќе внимание да обрнувате на тековните работи и така ќе ги избегнете можностите за грешки.

Љубов

Оваа недела помеѓу вас и вашиот партнер ќе постои нестабилна енергија. Сепак, ова може да го решите преку отворен и искрен разговор. Наместо да реагирте импулсивно и да влетувате во кавга, обидете се да откриете што му пречи на вашиот партнер. Доколку сте слободни, сите излегувања може да водат кон нови познанства кои пак одлично ќе ви годат.

Здравје

Помладите Девици може да имаат послаб имунитет, а постарите ќе бидат склони кон паѓања и повреди.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Back to top button