Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Слободните Ракови ги очекува бурна недела, а Вагите лесна заработка

Реклама

Хороскоп од 26.02 – 04.03.2018 година!

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Оваа недела ќе имате малку чуден период со вашите надредени, но воздржувајте се од коментари за да не дојде до непотребни расправии. Ќе имате потреба и да го наметнувате своето мислење и да ги контролирате повеќето работи. Следната недела ќе се расчистат сите нејаснотии…

Љубов

Ќе ви одговараат тајни и скриени работи и тешко ќе им одолеете на љубовните занеси, без разлика дали сте слободни или зафатени припадници на овој знак. Овој период вашиот партнер е подготвен да проголта многу работи и лесно ќе се прилагодува на вас. Доколку сте слободни, уживајте во сегашноста. Страста ќе цвета во вашиот живот!

Здравје

Иако се чувате доста добро, некои настинки не ќе можете да ги избегнете. Бидете физички поактивни и тоа ќе ви одговара.

БИК (21 април – 20 мај)

Работа

Нема да ви биде лесно да постигнете некои договори, но тоа не значи дека автоматски треба да се откажете. Бидете свесни дека секогаш постојат напорни периоди и негативна енергија, но, со малку добра волја и подготвеност за компромис, вие ќе можете работите да ги свртите во своја корист.

Љубов

Оваа недела малку потешко ќе наоѓате заеднички јазик со вашиот партнер. Ситуацијата не е страшна, но можни се мали проблеми. Саканата личност умее да ве „прободи“ многу лесно со своите зборови и постапки, па повремено ќе ви се чини дека не ви обрнува доволно внимание. Доколку сте слободни, оваа недела ќе имате можности за нови познанства, излегувања и заљубувања.

Здравје

Стомакот ќе ви биде чувствителна точка.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Работа

Оваа недела не е ниту малку лоша за остварување нови соработки и деловни потфати, но треба да обрнете посебно внимание на постоечките партнери и соработници, особено ако се занимавате со приватна работа. Може да дојде и до напнатост во комуникацијата, а во вакви моменти најдобро е да реагирате смирено и разумно.

Љубов

Очигледно е дека вие и вашиот партнер треба да решите некои важни прашања и тоа нема да биде лесен и мирен процес. Слободните Близнаци ќе ја дочекаат љубовта со раширени раце. Овој период е одличен не само за да се заљубите, туку и да се впуштите во интересна љубовна авантура. Познанството може да доаѓа преку работата или пак некој колега или пријател да ве запознае со некоја посебна личност.

Здравје

Можни се алергиски реакции. Исто така треба да бидете внимателни при одредени физички активности, но и во сообраќајот, затоа што постојат можности за повреда.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница
Back to top button