Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Раковите ќе се чувствуваат осамено, а кај Вагите ќе владее љубомора

Реклама

hn2

 

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Ќе делувате на различни сектори, но нема да постигнете ништо значајно што би ве задоволило. Ќе функционирате добро и со соработниците, но сепак, ќе имате помалку сила од вообичаено.

Љубов

Вашата енергичност и посветеност на љубовниот живот понекогаш се граничи со лудило. Ќе имате многу искушенија и љубомора и тоа со голем интензитет. Но, како што ќе дојде, така и ќе помине. Потребно е да имате повеќе самоконтрола за да бидете среќни.

Здравје

Дружете се повеќе.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Работа

Овие денови можно е да воспоставите нови контакти со луѓе кои работат во друга држава. Тоа секако ќе ви донесе големи предности и проширени хоризонти. Колку и да ви изгледаат недостижно, сепак, некои работи буквално ќе ви паднат во раце.

Љубов

Многумина претставници на овој знак оваа недела ќе бидат исполнети или со премногу страст, или со премногу студенило и незаинтересираност. Или секој момент ќе сакате да бидете со саканата личност, или пак ќе тежнеете за целосна осаменост. Настојувајте да пронајдете рамнотежа, само таа е клучна за вашата среќа.

Здравје

Бидете внимателни и чувајте се од физички повреди.

Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Работа

Бидете зрели и правете реални проценки за тоа што можете да постигнете во одреден рок. Препуштете им на другите да зборуваат за вашите успеси, а вие полека, но сигурно извршувајте ги зададените задачи.

Љубов

Страста која ќе ја покажувате на другата личност може малку да ја заплаши. Изгледа дека оваа недела конечно ќе сфатите што навистина сакате и што можете да очекувате од саканата личност. Ви треба повеќе трпение за да ги искажете своите вистински ставови. Бидете умерени.

Здравје

Можен е мал пад на имунитетот.

Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Работа

Оние чија работа бара креативност, оваа недела сигурно ќе забележат голем успех. Исто така можно е поврзување со нови соработници, а секогаш е добро да слушнете совет од постарите и поискусните. Слушајте внимателно.

Љубов

На вашето љубовно небо ќе се појави едно ново светло. Сигурно ова долго го чекавте, па нема да можете да поверувате дека пред вас стојат нови љубовни прилики. Излезете надвор полни со самодоверба и уживајте во деновите кои доаѓаат.

Здравје

Ќе се чувствувате добро и исполнети со енергија. Потрудете се да постигнете нешто повеќе.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Back to top button