LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Раковите ќе се чувствуваат осамено, а кај Вагите ќе владее љубомора

Advertisement

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Advertisement

Работа

Изгледа дека не е вистинското време да се докажувате и да се натпреварувате со вашите колеги. Работете во тишина и според правилата на играта, па трпеливо чекајте ги своите пет минути, кои сигурно ќе дојдат кога ќе ви биде најтешко.

Љубов

Најверојатно ќе се чувствувате осамено, освен ако осаменоста не е ваша желба. Оние кои се во врска или брак ќе имаат малку турбулентен период за кој ќе им треба доволно сила и мотивација за да издржат. Нема да трае долго, па затоа, не донесувајте избрзани одлуки.

Здравје

Не напрегајте се премногу, зашто ќе имате недостаток на енергија.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

Во себе ќе најдете доволно сила за да поставите подобри критериуми на работното место и да го направите она што е во ваша должност. Не поставувајте си премногу високи цели, затоа што ќе имате премногу предизвици, а вашата енергија ќе биде сведена на минимум. Планирајте добро пред да го направите првиот чекор.

Љубов

Мали несогласувања во љубовната врска и некои ваши преголеми очекувања, ќе направат да се чувствувате осамено. Би било добро да ја прифатите ситуацијата онаква каква што е и да чекате поповолни денови.

Здравје

Редовно одмарајте се и спијте доволно.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

Веќе решивте некои прашања кои одамна ве мачеа, па оваа недела можете да продолжите напред. Малку по малку ќе почнете да градите нови односи и да остварувате нови проекти. Во себе имате доволно мотивација и за вашите колеги, но треба само да верувате и да бидете отворени.

Љубов

Вашата потреба за дружба ќе биде и понатаму нагласена, па постојано ќе сакате да излегувате и да се дружите. Ќе имате многу неформални дружења со ваши блиски роднини и пријатели. Нема да имате големи очекувања, но сепак, токму таа опуштеност може да ви донесе нова шанса за љубов.

Здравје

Не трошете премногу енергија на неважни работи.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница
Реклама
Back to top button