Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Раковите ќе се чувствуваат осамено, а кај Вагите ќе владее љубомора

Реклама

Хороскоп од 05.03 – 11.03.2018 година!

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Можете да преземете сериозни чекори, затоа што неодамнешните искуства ви донесоа добри лекции. Ризикувајте и ќе сфатите дека работите не се толку тешки колку што изгледаат. Повторно ќе ја имате поддршката од другите околу вас, но и од оние од кои не сте се надевале дека ќе ја добиете.

Љубов

Можеби околностите ви покажуваат дека љубовта е далеку од вас, но сепак, таа е многу поблиску отколку што ви се чини, само што моментално нема толку воочливи знаци. Бидете смирени, трпеливи, но и упорни. Ако сте во врска или брак, не форсирајте ги емоциите по секоја цена.

Здравје

Не преоптеретувајте се со ситници!

БИК (21 април – 20 мај)

Работа

Оваа недела ќе бидете по малку уморни од сите случувања, а преку глава ќе ви дојде и од вашите колеги. Бидете смирени и не реагирајте импулсивно. Она што мора да го сработите, сработете го професионално и нема да имате замерки од надредените. Не постои некоја особена можност за напредување, но за сега ќе бидете задоволни и со ваквата ситуација.

Љубов

Оваа недела е добра за зајакнување на односите со саканата личност, за продлабочување на довербата, но и за отворени разговори. На повеќето слободни претставници на овој знак, ќе им одговара слободата, при што нема да преземаат некои особени чекори за да сретнат потенцијален партнер.

Здравје

Внимавајте на исхраната и размислувајте долгорочно.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Работа

Вашиот труд ќе биде препознаен, а вие ќе бидете наградени за тоа. Понекогаш ќе имате чувство дека надредените премногу баараат од вас, но сепак ќе останете смирени и скромни. Ќе работите верно, без многу прашања и дополнителни барања.

Љубов

Ќе бидете малку нервозни и исполнети со некоја внатрешна фрустрација, но сепак, треба да се трудите да останете мирни и да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Ќе имате разбирање од другата страна и ќе се чувствувате сакани.

Здравје

Ќе имате мал пад на имунитетот, но ништо сериозно.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница
Back to top button