ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Работа
Доколку соработувате со странци, оваа недела очекувајте важни промени. Влегувате во период кој е добар и за приватни и за државни установи. Генерално гледано, постои можност за напредок.
Љубов
Вашите емотивни односи ќе бидат нестабилни, а ќе влезете и во период каде што околностите нема да бидат на ваша страна. Чувајте се од тврдоглави личности некои кои бараат само минливо задоволство.
Здравје
Движете се повеќе.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
Работа
Оваа седмица ќе ви минува бавно и напнато и до самиот крај ќе биде таква. Некои контакти може многу да ве изнервираат, но пред да одговорите седнете и добро размислете за своите зборови и за своите постапки.
Љубов
И понатаму нема да имате стабилност и целосен мир во вашите односи со партнерот. Можна е жестока кавга која ќе ја започне вашиот партнер. Што се однесува до оние што се слободни, постои личнсот која ви се допаѓа, но комуникацијата со неа ќе ви биде променлива.
Здравје
Можна е нервоза и лошо спиење.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Работа
Напорен период на работа. Обврски ќе имате повеќе од кога било и вие ќе бидете развлечени на повеќе страни, па не е ни чудно што ќе сакате сите работи да ги завршите во краток рок, но така само ќе собирате дополнителна нервоза.
Љубов
Оваа недела вие и вашиот партнер ќе имате дискусии и мали расправии околу финансискиот сегмент. Исто така комуникацијата ќе ви биде сведена на пониско ниво, па не ќе можете да се договорите ниту за најмалите работи. АКо сте слободни, не очекувајте некои нови љубовни прилики…
Здравје
Неопходно ви е повеќе движење.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Работа
Оваа недела ќе ви биде постабилна од претходните. Но, влијанието и успехот ќе ги забележите дури после две недели. Ќе чувствувате и мал притисок и ќе сфатите дека вашето внимание не сте требале да го подарите на некои личности кои тоа не го заслужуваат.
Љубов
Односот со партнерот ќе ви биде чуден. Или целосно ќе бидете дистанцирани, без никаква комуникација, или пак ќе чувствувате стрес. ДОколку сте слободни, можно е да се активира некоја стара љубов.
Здравје
Одморајте се повеќе.
Премини на следната страна >>