ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Ќе ги прашувате колегите за совет, но сепак ќе постапувате по свое и никој нема да слушате. Ќе се разочарате кога ќе сфатите дека некој во ваша близина само сака да ве искористи, а не е подготвен да ви даде поддршка. Потпрете се на интуицијата, зашто очигледно е дека не можете да се потпрете на оние кои се околу вас.
Љубов
Зафатените Водолии најмногу ќе се караат со партнерот во врска со финансиите. Вие ќе сакате да вложувате, а партнерот ќе смета дека треба да штедите. За слободните Водолии оваа недела нема да биде поволен период за љубов, зашто многу ќе бидат посветени на работата.
Здравје
Освен физичкиот умор, нема да чувствувате некои други особени проблеми.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
И понатаму ќе ве мачи тоа што не успевате да најдете заеднички јазик со вашиот шеф и што тој ве критикува. Ќе имате чувство дека тој има нешто против вас, па ќе бидете затворени и никому нема да му се доверувате. Само ќе работите и ќе молчите…
Љубов
Зафатените Риби веќе подолго време размислуваат за прекинување на врската. Љубовта веќе згаснала, а погледите бегаат на друго место. Слободните Риби може да очекуваат голем флерт со некој кој до сега го сметале само за пријател.
Здравје
Внимавајте на исхраната.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»