Хороскоп од 12.03 – 18.03.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Во почетокот на оваа седмица ќе сфатите дека е време да ја повлечете кочницата и да бидете фер кон себе, па отворено да признаете дека не можете да ги исполните сите обврски кои се бараат од вас. Обидете се да се опуштите и да ги решите проблемите кои имаат приоритет. Другото може да почека.
Љубов
Слободните Овни во текот на оваа недела ќе запознаат ведра и оптимистична личност која ќе им ја врати насмевката на лицето, додека пак оние кои се во врска или брак ќе бидат критички настроени, дури и за некои ситни работи.
Здравје
Поголем дел од времето ќе бидете нерасположени и полни со негативна енергија.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
На работното место ќе сфатите дека нема кој да ви понуди поддршка и дека сте оставени самите на себе. Не е поволен период да барате нова работа, туку треба да се обидете да им докажете на надредените дека одлично се снаоѓате и кога работите под притисок.
Љубов
Слободните Бикови ќе запознаат млада личност со која ќе се чувствуваат како на седмо небо. Оние кои се во врска или брак ќе бидат опуштени и подготвени да ѝ се заблагодарат на саканата личност. Пред вас е романтична недела.
Здравје
Движете се повеќе и дружете се со позитивни личности.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Во текот на оваа недела ќе забележите дека одредени колеги ве саботираат. Нема да успеете да најдете заеднички јазик со соработниците, па затоа најдобро е да не бидете импулсивни и да почекате да помине овој период. За сега, финансиската ситуација ќе ви биде одлична.
Љубов
Зафатените Близнаци би требало да бидат повеќе трпеливи и да не ја оптеретуваат премногу саканата личност со своите проблеми. Престанувате да му бидете интересни на вашиот партнер, а за тоа сте и самите свесни.
Здравје
Смејте се и излегувајте повеќе, тоа ќе ви годи.
Премини на следната страна >>