ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Бидете фини и учтиви со вашите надредени, зашто во спротивно нема да добиете ништо добро. Ќе имате некои напнати ситуации, но сепак, ќе успеете да ги свртите во ваша корист. Оваа недела исто така ќе успеете да активирате нешто што подолго време било во застој. Ве чекаат успешни денови.
Љубов
Ќе чувствувате дека партнерот го менува расположението на секој час, а ниу вие не ќе можете да се пофалите со стабилност и смиреност. Затоа, оваа недела односот ќе ви биде сосемашарен. Ако сте слободни, тогаш очекувајте љубовен огномет!
Здравје
Бидете внимателни со крвниот притисок.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Работите ќе излезат од ваша контрола, па едноставно ќе мора да се прилагодите на ситуациите и да го извлечете најдоброто од нив. Со колегите ќе имате мали несогласувања, па ако сте во можност оддалечете се од нив за да не бидете вовлечени во некои расправии.
Љубов
Оваа недела нема да имате сосема стабилни односи со вашиот партнер. Малку ќе се чувствувате оддалечени, но важно е да запамтите дека сите препреки се надминуваат со меѓусебно разговарање и разбирање. Ако сте слободни, некој околу вас кој го сметате за пријател, ќе се обиде да ви се вовлече под кожа.
Здравје
Водете сметка за исхраната, но и за животните навики.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»