ВАГА (23 септември – 22 октомври)
Оваа недела го чекате вистинскиот момент за да заблескате. Кон крајот на неделата спонтано ќе дојдете до израз и тоа ќе ви ја врати самодовербата. На љубовен план малку ќе бидете растажени, зашто ќе чувствувате емотивна оддалеченост од вашиот партнер. Исцрпена ќе ви биде енергијата.
ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)
И оваа недела ќе бидете опседнати со одредени материјални загуби кои ги претрпевте во претходниот период. Потребата за промени од ден во ден ви расте. На емотивен план многу Скорпии ќе бидат изненадени од некој драг пријател. Можни се проблеми со варењето.
Овој хороскопски знак е во состојба да ги чита вашите мисли >>
СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Многу ќе бидете активни на деловен сегмент и со леснотија ќе дојдете до своите цели, а ќе остварите и нови контакти. Време е да размислите и за некоја дополнителна работа. Слободните Стрелци ќе запознаат некој од нивното место или пак личност која често патува. Оние кои се зафатени ќе планираат преселби или заеднички патувања. Можно е проширување на семејството.
Максимално посветен и крајно лојален: прочитајте кој е најверниот хороскопски знак >>
ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Многу Јарци ќе размислуваат за драстични деловни и приватни промени. Оние кои се задоволни со својот деловен статус ќе остварат едно ново поглавје во нивниот живот. Слободните Јарци ќе привлекуваат внимание кај спротивниот пол, а оваа недела емотивниот живот може да им стане многу интересен. Можни се болки во мускулите.
Премини на следната страна >>