Хороскоп од 13.05 – 19.05.2019 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Оваа недела ќе имате малку повеќе енергија и ќе почнувате да ги забележувате резултатите од вашата напорна работа. Но, финансискиот дел и понатаму ќе ве мачи. Што се однесува до љубовта, ќе имате интересни прилики да запознаете некоја нова личност. На слободните Овни ќе им се допаѓа некој кој е зафатен. Чувајте се од настинки.
БИК (21 април – 20 мај)
Биковите оваа недела ќе имаат потешкотии на работното место, па ќе сакаат да се сокријат во некоја дупка, за никој да не ги вознемирува. Но, потсетете се дека можете да сметате и на вашите пријатели. Што се однесува до љубовта, некои соништа од минатото овој период ќе ви се претворат во реалност. Склони ќе бидете кон вирусни и бактериски инфекции.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Вие сте индивидуалци, но ова е период кога најдобро ќе функционирате во рамките на некоја група. Околностите се менуваат, а вие станувате поимпулсивни, но вашата импулсивност ќе го привлекува спротивниот пол. Можни се главоболки.
Премини на следната страна >>