РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Одамна сонвуавте за некои деловни потфати, а сега имате можност да го покажете своето знаење. Најверојатно позитивно ќе успеете да влијаете и на вашите колеги, па бидете подготвени да ги покажете и своите лидерски способности.
Љубов
Генерално гледано вашата врска се одвива добро, но вие самите ќе бидете склони кон чепкање по некои ситници, особено во својот внатрешен свет. Така нема да им се препуштите на убавите мигови, па затоа внимавајте да не претерувате.
Здравје
Опуштете се повеќе.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Следниве денови најверојатно вашата работа ќе ви биде во втор план. Ќе размислувате за нешто друго, па нема да ги завршите сите работи во редвидениот рок. Ќе функционирате рутински и ќе го работите само она што мора да биде сработено, а со духот ќе бидете отсутни.
Љубов
Оваа недела подеднакво ќе уживате и ако сте сами, но и доколку сте во врска. Нема да чувствувате притисок за по секоја цена да треба да се зближите со некој. Ќе бидете прилично индиферентни кон останатите, но со одредена доза на хумор.
Здравје
Шетајте повеќе на чист воздух.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Ако нешто треба да се смени, променете го тоа сега и тоа на мирен начин. Доколку бидете критикувани, не одговарајте на тоа, туку само продолжете понатаму. Важно е да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е пред вашата врата.
Љубов
Најверојатно ќе се чувствувате незаинтереирано за некои значајни љубовни предизвици, а тоа ќе ви влијае на целокупниот ваш приватен живот. Внимавајте да не направите саканата личност да се чувствува запоставено.
Здравје
Намалете ја изложеноста на стрес.
Премини на следната страна >>