Хороскоп од 16.04 – 22.04.2018 година!
ОВЕН (21 март – 20 април)
Работа
Оваа недела најверојатно нема да бидете многу истаканти на работното место, но сепак ќе ви оди добро. На вас останува само добро да си ја вршите работата и да покажете што знаете. Дури и кога ситуацијата нема да биде најдобра, околностите и луѓето ќе бидат на ваша страна.
Љубов
Во своите емтоивни односи ќе станете поотворени и поопуштени. Вие сте подготвени да му верувате на вашиот партнер и тоа ќе ви се врати со позитивна енергија. Исто така и вашиот партнер ќе добие поголема доверба кон вас. Бидете свесни за она што го имате и чувајте го.
Здравје
Не оптеретувајте се со ситници.
БИК (21 април – 20 мај)
Работа
Ќе се поврзете со некои ваши соработници и ќе бидете расположени за разменување работни искуства. Некои претставници на овој знак ги очекува и деловно патување кое ќе ги освежи и во нив ќе разбуди многу нови идеи.
Љубов
Оваа недела вашиот партнер постојано ќе има некои барања од вас, па тоа по малку ќе ги наруши и вашите односи. Ако се обидувате нешто да му објасните, нема да се снаоѓате баш многу добро. Бидете тивки и така ќе поминете најдобро.
Здравје
Имате енергија. Искористете ја мудро.
БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)
Работа
Оваа недела посебно до израз треба да дојде вашата зрелост и професионалност. Уште чекате некои важни одговори од вашите соработници, но генерално гледано, работите се под контрола и се развиваат добро.
Љубов
Оваа недела ќе бидете разиграни и весели, но и подготвени да ги делите вашите искуства со останатите луѓе. Сепак, нема да чувствувате некоја особена одговорност кон нив. Некои претставници на овој знак ќе се оддалечат од својот партнер и ќе се обидат да воспостават пријателски односи.
Здравје
Ќе бидете задоволни со самите себе.
Премини на следната страна >>