ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Работа
Доколку сакате да започнете приватен бизнис, тогаш ова е вистинскиот период за тоа. Но, бидете свесни дека ве очекуваат и многу проблеми и нервози. Во еден период ќе чувствувате дека вашите колеги, соработници и надредени се против вас, па подгответе се за понапнати контакти со нив.
Љубов
Оваа недела можеби нема целосно да се сложувате со ставовите на вашиот партнер, но затоа, треба да сфатите дека понекогаш компромисот е неопходен. Доколку сте слободни, тогаш овој момент можете да се препуштите само на авантурите. Стабилноста не постои за вас, барем овој период… Уживајте и не размислувајте премногу!
Здравје
Ментална исцрпеност.
РИБИ (20 февруари – 20 март)
Работа
Оваа недела би требало да имате добри колегијални односи, но не дозволувајте им на оние околу вас премногу да ви се мешаат во вашиот живот. Комуницирајте, но ги изразувајте сите свои желби, намери и потреби. Бидете фини и коректни – дооволно е.
Љубов
Слободните Риби ќе имаат некоја минлива љубовна авантура, без обврски, која нема да им остави голем впечаток. Исто така можна е и љубовна авантура со личност со која постои поголема разлика во годините. Оние кои се во врска или брак оваа недела ќе имаат шанси за стабилизирање. Иако ќе биде присутна љубомрата, сепак, треба да се обидете да ја конторлирате.
Здравје
Физички ќе бидете добри, но ќе чувствувате мал психички напор.
Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk»