Неделен хороскоп од 7 до 13 јули – Лавовите блескаат, Близнаците заведуваат, Рибите се соочуваат со реалноста
Откријте што ви подготвија ѕвездите за периодот од 7 до 13 јули.

Во неделата од 7 до 13 јули 2025, ѕвездите повикуваат на забавување на темпото и посветување на малите задоволства.
Времето е идеално за внатрешно расчистување, за градење на нови односи и за стабилизирање на личните и професионалните цели.
Енергијата се движи од огнена страст до ментална бистрост и потреба за емоционална зрелост. Ова е период во кој треба да се слуша сопствениот ритам, да се прифатат неочекуваните предизвици и да се следи текот на космичките импулси.
Овен – фатална привлечност
Оваа недела ви носи зголемена самодоверба и привлечност. Во љубовта блескате и лесно привлекувате внимание. Ако сте во врска, страста се враќа, а ако сте слободни, нови познанства се на повидок.
На работа покажувате огромна енергија и напредувате, но не претерувајте, телото има свои граници. Обидете се да не го занемарувате одморот и здравата исхрана.
Бик – добри вести
Полни сте со емотивна блискост, но внатрешната немирност ви создава непотребна тензичност. Обидете се да ги споделите своите грижи со партнерот – разбирањето ќе ви помогне да се ослободите.
На работа има застој, но тоа е само привремено. Ако бидете трпеливи, успехот ќе дојде. Здравствено сте во добра кондиција, а средината на неделата е особено поволна за добри вести.
Близнаци – оптимизам
Шармантни, игриви и полни со живот-вашата љубовна енергија е неодолива. Флертувате со стил и лесно создавате нови симпатии.
Работно, вешто се движите низ разговори и нови задачи. Но, психофизичкиот замор почнува да се натрупува. Одвојте време за себе, за одмор и за рефлексија. Избегнувајте конфликти во првите денови од неделата.
Рак – нови средби
Внатрешно чувствителни и отворени за емоции, оваа недела ќе ја доживеете како повторно раѓање. Љубовта ви нуди нови средби, но и можност за враќање на старата страст.
На работа чувствувате дека не ви се дава доволно признание, но тоа не е вистина – само треба да проговорите. Физички сте силни, но средината на неделата носи мали непријатности, особено финансиски.
Лав – лидери на неделата
Вие сте апсолутниот лидер на неделата. Зрачите со харизма, освојувате со зборови и изглед, и сè што ќе замислите – станува реалност.
Во љубовта доминирате, а во работата ве очекуваат добивки и поддршка. Здравствено сте во врвна форма, иако викендот носи момент на преиспитување. Искористете го почетокот на неделата за важни одлуки.
Девица – бидете отворени и искрени
Иако во љубовта нештата ви изгледаат замаглено, потребата за искрен разговор е клучна. Ако отворено се искажете, ќе си го олесните срцето.
Работно, не форсирајте совршенство – резултатите ќе дојдат со тек на време. Марс ви носи енергија, јасност и самодисциплина. Средината на неделата е посебно среќна за вас.
Вага – нови можности
Отворањето на срцето е вашата мисија оваа недела. Не се плашете од емоциите – тие ве носат поблиску до вистинската љубов.
Во кариерата се отвораат нови можности, кои бараат самодоверба. Здравјето ви се подобрува, а емоционалниот баланс ви дава стабилност. Неделата завршува со шанса за голем пресврт.
Скорпија – не манипулирајте!
Интензитетот на вашите чувства е на врв. Страст, длабочина и желба за вистинска поврзаност ве водат кон значајна врска.
Но, бидете отворени и за ментално поврзување. Работно, не манипулирајте – чесноста е побезбедна. Телесно сте во хармонија, а среќата ве следи во средината на неделата.
Стрелец – што навистина сакате?
Љубовта носи предизвици, особено ако не сте подготвени за компромис. Оваа недела е момент за лична интроспекција, што навистина сакате?
На работа, амбицијата се исплати. Имате свежи идеи и можности за нови ангажмани. Здравјето бара внимание поради стрес. Најуспешни денови: понеделник и вторник.
Јарец – напуштање на старите навики
Сега или никогаш – такво е вашето мото за оваа недела. Љубовни и работни ситуации што не ве исполнуваат, ќе ги напуштите без двоумење. Одлуките ќе бидат тешки, но неопходни.
Марс ви дава сила и издржливост. Од среда до петок – време на можности и среќа што треба да се зграпчи.
Водолија – изненадување
Оваа недела љубовта ќе ве изненади. Ќе доживеете интензивни емоции, иако можеби не оди сè така глатко.
Работно, комуникацијата е ваша слаба точка. Преразгледајте ги односите со колеги. Но, физички сте стабилни, а викендот носи среќни вести.
Риби – разбудете се!
Ѕвездите ви укажуваат да ја оставите идеализацијата и да се соочите со реалноста во љубовта. Време е за искреност.
Работно, идеите ви се силни, но самосаботажата е пречка – не одложувајте! Здравјето е чувствително, па направете простор за грижа за себе. Средината на неделата е вашето светло кога ќе доживеете голем успех.