Неделен хороскоп, од 6 до 12 јануари – добри вести за Биковите, среќна недела за Скорпиите, многу љубов за Рибите
Проверете што ви подготвија ѕвездите за оваа недела, од 6 до 12 јануари.
ОВЕН: замор
Драг Овен, неповолниот транзит на Меркур може да ви донесе уште неколку грижи во областа на работата оваа недела. Сепак, помирна е љубовта: ќе можете да сметате на поддршката од посебна личност! Среќата ви се насмевнува на почетокот на неделата, особено во понеделник и вторник, кога ќе ја имате Месечината во конјункција. Дисонантниот Марс носи малку повеќе замор во однос на здравјето.
БИК: добри вести на работа
Драг Бик, оваа недела небото ви се смешка! И планетата Марс и планетата Меркур се активни во ваша корист: првата ќе ви даде добра енергија и ќе ви помогне за здравјето, додека втората може да ви донесе добри вести во врска со работата. Венера, исто така поволна, ви помага во љубовта: меѓу вас и вашиот партнер ќе има одлично разбирање. Среќата ќе ви се насмевне во среда и во четврток.
БЛИЗНАЦИ: тензии во љубовта
Драги Близнаци, небото оваа недела е прилично проблематично кога станува збор за љубовта: неповолната Венера ги нагласува тензиите во вашиот живот и нема секогаш да биде лесно да се разберете со партнерот… Добра вест, сепак, на поле на работата: почнувајќи од среда Меркур повеќе нема да биде во опозиција и сложената ситуација конечно ќе може сама да се реши. Денови благословени со среќа: петок и сабота. Добра рамнотежа ум-тело во однос на здравјето.
РАК: убави емоции
Драг Рак, љубовта ќе биде фаворизирана оваа недела: транзитот на Венера во Риби ќе ви донесе многу емоции и, доколку сте слободни, средба за паметење… Не толку добро е, за жал, кога е работата во прашање: влегувањето на Меркур во опозиција носи кавги во канцеларија. За среќа, можете да сметате на Марс, подготвен да ви даде дополнителна предност, борбеност и здравје. Среќата ќе ви се насмевне во недела.
ЛАВ: започнете од себе!
Драг Лав, конечно закрепнувате со малку спокојство во љубовта: после период на криза решивте повторно да започнете од себе и во право сте! Марс, кој неодамна го напушти вашиот знак, ви дава добра енергија и добра рамнотежа кога е здравјето во прашање. На работа можете да сметате на поддршката на Јупитер која, доколку не ви дава веднаш задоволство, сепак ви помага да размислувате на големо. Среќата ви се насмевнува помеѓу петок и сабота.
ДЕВИЦА: време за планови
Драга Девица, планетата Венера продолжува да биде во опозиција, а љубовта ви предизвикува многу маки… искористете ја прекрасната Месечина во недела за да решите прашање што се однесува на вас и на партнерот! Работата ја фаворизира влегувањето на Меркур во Јарец: време е да направите планови за годината што доаѓа… не плашете се да размислувате на големо. Марс повторно станува активен во ваша корист и ви дава енергија и здравје. Среќата ќе биде на ваша страна помеѓу среда и четврток.
ВАГА: кавги со партнерот
Драги Ваги, за заљубените оваа недела би можеле да настанат дискусии со партнерот помеѓу понеделник и вторник, кога Месечината ќе биде во опозиција. Сепак, ќе можете да најдете спокојство во централниот дел од неделата. На работа нема да недостигаат пречки и предизвици, нагласени со неповолниот транзит на Меркур. Што се однесува до здравјето, внимавајте да не се ставате под стрес премногу во првиот дел од неделата. Среќата ќе биде со вас помеѓу петок и сабота.
СКОРПИЈА: среќна недела
Драга Шкорпија, ве очекува среќна недела во врска со љубовта: вие и вашиот партнер нема да се плашите длабоко да истражувате за желбите и емоциите… Небото во однос на работата е исто така одлично: Меркур е повторно активен во ваша корист, подготвен да ви донесе некои добри вести. Здравјето ќе ви биде подобрено во однос на последниот период: повторно ќе се чувствувате полни со енергија! Среќата ќе ви се насмевне овој викенд.
СТРЕЛЕЦ: Тешко време…
Драг Стрелец, љубовта ќе ви донесе тешко време оваа недела. Подобро, сепак, кога станува збор за работа: Меркур веќе нема да биде во опозиција почнувајќи од среда и, малку по малку, ќе можете да ги надминете блокадите од последниот период. Здравјето ќе го фаворизираат ѕвездите, а исто така и среќата во првиот дел од неделата.
ЈАРЕЦ: среќен период
Драг Јарец, оваа недела ќе го забележите влегувањето на планетата Меркур: ве очекува вистински среќен период на работа, полн со одлични резултати и можности! Љубовта ќе ја фаворизираат ѕвездите благодарение на транзитот на Венера во „пријателскиот“ знак Риби, кој ви помага да ги истакнете чувствата… Марс во опозиција, сепак, би можел да донесе здравствени проблеми поради стресот. Среда и четврток се денови со поголема среќа.
ВОДОЛИЈА: мирни денови
Драги Водолии, оваа недела – со излегувањето на Марс од опозиција – вашето здравје ќе биде фаворизирано: ќе можете да вратите малку енергија по периодот во кој бевте ставени на тест. Во љубовта ќе доживеете момент на смиреност и размислување, далеку од бурните емоции на месец декември… Дури и на работа ве очекуваат мирни денови во кои ќе успеете да постигнете добри резултати. Среќата ќе биде со вас во вториот дел од неделата.
РИБИ: многу љубов!
Драги Риби, и оваа недела Венера ќе биде во вашиот знак: љубовта ќе биде вистинскиот протагонист на вашиот живот! Слободните би било добро да погледнат наоколу… Одлични вести и во однос на работата: Меркур повеќе не е пречка, туку ви помага да пронајдете нови можности и нови сојузи. Здравјето ќе го фаворизираат и ѕвездите, кои ќе ви помогнат да ја вратите енергијата. Среќата е загарантирана помеѓу среда и четврток.