Хороскоп

Неделен хороскоп од 4 до 10 август – лични откритија за Лавовите, страсни пресврти за Близнаците, пресудни одлуки за Девиците

Оваа недела Меркур е сè уште во Девица, а Венера влегува во Лав, носејќи нова доза самодоверба и желба за љубовна авантура. Секој хороскопски знак ќе се соочи со различни предизвици и можности - прочитајте што ви подготвиле ѕвездите.

Advertisement

Неделата од 4 до 10 август е обележана со силно влијание на Меркур кој го поттикнува рационалното размислување, но и на Венера која од четврток преминува во страсниот Лав, знак што бара внимание, топлина и големи гестови на љубов.

Емоциите ќе излезат на површина, а многумина ќе се соочат со внатрешни дилеми: дали да останат во познатото или да го следат срцето кон нешто сосема ново.

Advertisement

Ова е одлична недела за поставување лични и професионални цели, но и за враќање кон нешта кои сме ги запоставиле.

Овен – добивка

Оваа недела ќе почувствувате силна потреба за нов почеток, било да е тоа во професионалната сфера, љубовта или личниот развој. Ќе ви се даде можност да прекинете со некои штетни навики и да го преземете водството во ситуации кои бараат храброст и иницијатива. Вашата енергија ќе биде препознатлива, но не дозволувајте нетрпеливоста да ве одвлече од долгорочните цели. Финансиски можни се добивки преку машка личност или проект што го започнавте пред неколку месеци.

Бик – трошоци

Бавноста не е недостаток, туку мудрост. Во неделата што следува, ќе имате прилика да го потврдите тоа. Ќе бидете повлечени, но длабоко ќе размислувате и ќе бидете продуктивни. Поголеми трошоци се можни, особено поврзани со домот или семејството. Љубовта ви доаѓа преку стари познанства, но мора да бидете искрени со себе – дали тоа што ве влече назад навистина има иднина? Телесното и менталното здравје ви се во фокус, па не занемарувајте ги сигналите на организмот.

Advertisement

Близнаци – „духови“ од минатото

Вашата комуникација ќе биде особено важна оваа недела, ќе имате влијание врз другите, но тоа носи и одговорност. Можно е кратко патување или вест оддалеку која ќе ја смени вашата перспектива. Во љубовта се враќаат теми од минатото – некој сака да се обиде повторно, но дали и вие сакате? На работа, бидете внимателни со брзоплети одлуки. Ѕвездите ве советуваат: помалку зборови, повеќе слушање.

Рак – време е за искрен разговор

Вашите емоции ќе бидат поинтензивни од вообичаено, особено во првите денови од неделата. Не потиснувајте ги, но и не дозволувајте да ве контролираат. Ова е време да се посветите на себе и на вашите внатрешни потреби. Финансиски, неделата може да донесе стабилизација, особено ако вложите труд во нешто свое. Љубовта бара зрелост и трпение – ако сте во врска, време е за искрени разговори; ако сте слободни, не брзајте – некој ве набљудува од сенка.

Лав – нова искра

Вашата недела започнува со голем интензитет и лични откритија. Сонцето е во вашиот знак, а тоа значи дека многумина ќе бидат свртени кон вас. Ќе добивате понуди, признанија, но и завист. Во љубовта – не играјте игри, бидете директни. Ако сте во врска, ќе почувствувате потреба за нова искра. Финансиски, можно е изненадување, но не мора секогаш да е негативно. Искористете ја неделата за да планирате долгорочно, особено ако размислувате за промена на работа или сопствен бизнис.

Девица – пресудни одлуки

Ве очекува недела на расчистување – со луѓе, обврски и емоции кои не ви се потребни и не ви служат. Иако ќе се чувствувате уморно, тоа е знак дека нешто мора да се промени и да донесете пресудни одлуки. Вашата анализа е моќна, но не заборавајте да ја слушате и интуицијата. Финансиски можни се приливи преку дополнителна работа или стар долг кој ви се враќа. Љубовта ќе дојде неочекувано, но само ако дозволите некому да ви се приближи – пуштете ја контролата барем малку.

Вага – средби и можности

Вашиот социјален живот ќе биде во подем. Ќе имате повеќе средби, покани, нови познанства. Но, не заборавајте да ги филтрирате информациите, не секој има чисти намери. На емотивен план, се отвораат можности за нова врска или за повторно зближување со некој со кого судбината ве оддалечила. Финансии: внимавајте на трошење без план, особено на непотребни луксузи. Подобрете го квалитетот на одлуките преку пауза и размислување.

Скорпија – силна интуиција

Вашата интуиција е силна, искористете ја. Ситуација на работа или во семејството ќе бара од вас зрелост и одлучност. Не дозволувајте да ве вовлечат во драми кои не се ваши. Љубовта е во подем, ако сте слободни, оваа недела ќе ве изненади лице со длабочина и страст. Ако сте во врска, можно е повторно заљубување. Пазете се од тајни и интриги, особено на работното место. Телесната енергија ќе ви се зголеми по средината на неделата.

Стрелец – патувања

Ќе почувствувате внатрешен повик за авантура, учење или физичко движење. Не го игнорирајте – оваа недела е идеална за патување, ново хоби или почеток на образовен курс. Финансиски, ќе дојде до стабилизација, но само ако не ризикувате со импулсивни потези. Љубовта ќе се појави на места каде што не ја очекувате, затоа бидете отворени за необични личности. Не ги занемарувајте сигналите од телото – особено грбот и дигестивниот систем.

Јарец – внимавајте на договори

Вашата дисциплина ќе биде ставена на тест. Некој или нешто ќе се обиде да ви ги помести границите, но вие ќе мора да останете доследни на своите принципи. На работа, бидете особено внимателни со договори или комуникација со надредени. Љубовта ви доаѓа преку разговор, преку ментална поврзаност. Ако сте во врска, разговорите ќе бидат подлабоки од вообичаено, не избегнувајте ги. Финансии: стабилно, со можност за долгорочна инвестиција.

Водолија – одговор што го чекате

Вашиот дух сака слобода, но оваа недела ќе се соочите со потребата од структура. Можно е да добиете одговор што долго време го чекате. Пријателите ќе играат клучна улога – било преку совет, помош или предизвик. Во љубовта, потребна е отвореност – не претпоставувајте, туку прашувајте. Ако сте во врска, се отвара можност за нова заедничка фаза. Финансиски – не влегувајте во долгови заради туѓи желби. Бидете свои, но одговорни.

Риби – не брзајте со заклучоци

Емоционалната длабочина ви е засилена, но оваа недела ќе треба да се изразите појасно. Луѓето околу вас нема да можат да ви читаат мисли, колку и да ви се блиски. На работа ќе имате чувство дека нешто не се кажува до крај, следете ја интуицијата, но не брзајте со заклучоци. Љубовта ќе се покаже во мали гестови. Ако сте сами, некој таен обожавател ќе се охрабри. Финансиски – внимавајте на позајмици и вложувања во нешто што не е целосно јасно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button