Неделен хороскоп, од 3 до 8 март – Биковите да не потпишуваат, пари за Девиците, нови можности за Вагите
Што ви подготвија ѕвездите за неделата од 3 до 8 март, дознајте со нас.

Овен – Бурна недела
Овните треба да се фокусираат на своето здравје и семејни обврски. Оваа недела е идеална за чистење, мали поправки или ослободување од непотребни предмети.
Кон крајот на неделата ќе имаат можност да размислат за своите кариерни амбиции и да добијат корисни совети од пријателите.
Бик – Внимателност со документи
Биковите треба да бидат прецизни при работа со бројки и правни документи. Добра недела за оние што работат во финансии и осигурување. Во личните односи, ќе одржуваат дистанца за да избегнат конфликти.
Викендот носи нова енергија и иницијатива.
Близнаци – Време за саморефлексија
Близнаците ќе бидат обземени со емоции и размислување за своите цели. Средината на неделата не е поволна за трошење пари на лични задоволства.
Викендот носи инспирација и креативни идеи, а родителите-Близнаци ќе се посветат на образованието на своите деца и тоа успешно.
Рак – Завршување важни прашања
Раковите треба да ги решат сите значајни финансиски и партнерски теми до четврток. Бизнисот може да се прошири со нови контакти.
Кон крајот на неделата можно е чувство на анксиозност поради семејни обрски или конфликт со пријател.
Лав – Раст и одмор
Лавовите ќе бидат инспирирани да се грижат за своето здравје и изглед. Ова е идеално време за ослободување од лоши навики.
Средината на неделата носи пад на енергијата, но за време на викендот повторно ќе бидат активни и продуктивни.
Девица – Успех преку контакти
Девиците ќе постигнат успеси преку важни познанства и стратегии. Ќе им пристигнат неочекувани пари. Лидерските способности ќе бидат ценети.
Можно е враќање на стара љубов, но чувствата ќе бидат мешани. Финансиската состојба е стабилна, но непотребните трошења не се препорачуваат.
Вага – Нови можности
Вагите ќе се посветат на учење, професионален развој и стекнување нови вештини. Ќе откријат нови таленти кои можат да им донесат промени во кариерата.
Викендот носи можности за започнување на нов бизнис, но конечните одлуки нека почекаат.
Скорпија – Професионален фокус
Скорпиите ќе бидат посветени на работата, забележувајќи секој детаљ. Ова ќе им донесе неочекувани позитивни резултати.
Кариерата може да напредува, особено кон крајот на неделата. Во љубовта, ќе остават работите да течат како што течат, природно.
Стрелец – Време за баланс
Стрелците ќе се насочат кон подобрување на здравјето и ослободување од штетни навики. Средината на неделата носи замор, па добро е да се намали комуникацијата.
Викендот носи нова мотивација и енергија за лични проекти.
Јарец – Решавање на стари обврскиЈ
арците ќе се фокусираат на завршување на започнатите обврски. Ќе се појават можности за промена на работното место, што бара добра самопрезентација.
Во средината на неделата треба да внимаваат на здравјето, особено на ендокриниот систем.
Водолија – Нови перспективи
Водолиите ќе бидат заинтересирани за нови можности во кариерата и образованието. Финансискиот успех не е далеку, а во љубовта ги очекуваат пријатни изненадувања.
Големите купувања нека почекаат, но вложувањето во здравјето е препорачливо.
Риби – Решавање на семејни прашања
Рибите ќе имаат можност да затворат стари семејни и финансиски прашања. До четврток е добро да се средат правни и финансиски обврски.
Љубовниот живот носи необични ситуации со луѓе од минатото. Викендот може да биде напорен, па се препорачува релаксација во природа.