Неделен хороскоп од 29 септември до 5 октомври – Биковите ќе сјаат, успех за Вагите, возбудливи средби за Раковите
Откријте ги неделните предвидувања за љубовта, здравјето, работата и среќата - знак по знак!

Ѕвездите оваа недела Ве советуваат да не ја бркате совршеноста и да ги претворите дури и непредвидените ситуации во можност за насмевка.
Ве поттикнуваат да си играте во животот, да останете луцидни и да ја пронаоѓате магијата во малите, секојдневни „лудории“.
Овен – нервозно на работа
Драг Овен, Ве очекува прилично живописна недела во љубовта – срцето повторно ќе најде елан и леснотија. Ќе Ве расположат смеа, нежни пораки и заеднички моменти на блискост. И тоа е вистинска среќа, бидејќи на работа ситуацијата ќе биде поинаква: целите ќе се одложуваат, проектите ќе се влечкаат, а нервите ќе бидат затегнати. Подобро е да не се инсистира по секоја цена на ништо, туку да го пуштите она што не функционира.
Што се однесува до здравјето, енергијата Ви е стабилна, поддржана од желбата за движење и дружење. Среќата ќе Ви се насмевне во средината на неделата.

Бик – љубовен сјај
Драг Бик, љубовта оваа недела е на врвот! Ве очекуваат романтика, искрени гестови на внимание и страст што се распламтува дури и во ситните секојдневни моменти. Ако сте сингл, нема да останете незабележани, ќе бидете привлечни како магнет.
На работа деновите ќе бидат мирни и продуктивни, со задоволства што Ве охрабруваат да целите повисоко. Можно е да се појави проект или конкретна понуда што ќе Ви овозможи да наслутите малку стабилност.
Слабата точка е здравјето: падови на енергија и промени во расположението ќе бидат чести. Среќата ќе Ве напушти во нервозните денови четврток и петок.
Близнаци – не додавајте масло на огнот
Драги Близнаци, во љубовта работите не одат во најдобар правец: недоразбирања и нервоза може да го намалат ентузијазмот. Не додавајте „масло на оганот“ – подобро е искрен разговор и разјаснување.
На работа, пак, летате високо, ќе бидете во центарот на корисни контакти и пред Вас се одлични можности за афирмација.
Здравјето и виталноста Ви се стабилни, а ако има малку напнатост, спортот и новите активности ќе Ви помогнат да ја ослободите.
Внимавајте за време на сабота и недела – среќата тогаш ќе Ве одмине.
Рак – нови ветувања
Драг Рак, поволната Венера Ви го исполнува срцето со нежност: во љубовта ќе пронајдете (или повторно ќе откриете) длабока блискост, исполнета со разбирање и нови ветувања. Слободните Ракови ќе доживеат возбудливи средби.
На работното поле, за жал, состојбата е поинаква: Вашите напори не се ценети како што треба, а атмосферата во канцеларијата е неподнослива. Бидете трпеливи, наскоро ќе дојде до пресврт!
Здравјето Ви е во одлична форма. Меѓу понеделник и среда, опозицијата на Месечината може привремено да ја оддалечи среќата од Вас.
Лав – решавање на проекти
Драг Лав, оваа недела нема да биде особено впечатлива на љубовното поле, но во моментот тоа е сосема во ред: барате мир и спокојство, а нема да Ви недостасуваат мали гестови и љубезни зборови кои ќе Ви дадат чувство дека сте сакани и посакувани.
Работата ќе Ви одзема многу време, но, и покрај заморот, нема да недостигаат задоволства: некои проекти ќе се решат и ќе дојдат заслужени признанија.
Неколку падови во енергијата, во однос на здравјето, Ве потсетуваат дека не можете секогаш да трчате, односно, дека телото бара одмор. Внимавајте на деновите со помала среќа: четврток и петок.

Девица – магнетизам
Драга Девице, Ви претстои љубов како од соништата: Венера Ве осветлува и Ви дава магнетизам! За паровите се зацврстува врската, а слободните Девици ќе доживеат интензивни флертови кои можат да прераснат во нешто многу повеќе.
И на работа сè оди глатко: организацијата и прецизноста Ви помагаат да постигнете конкретни цели. Сега е одличен момент за зацврстување на успехот!
Енергијата Ви е на врвот во однос на здравјето: умот Ви е јасен, а телото во одлична форма. За жал, среќата ќе Ве напушти за време викендот.
Вага – хармонична недела
Драга Вага, во љубовта ве очекува хармонична недела: срцето Ви се отвора, комуникацијата со партнерот функционира, а атмосферата е нежна и топла. Ако сте сингл, Вашиот шарм ќе биде неодолив!
На работа сте на врвот: ве очекуваат успеси и признанија… сите очи ќе бидат вперени во Вас!
Сега е вистинско време да побарате повеќе, бидејќи можете да го добиете.
Енергијата Ви е добра, а здравјето стабилно, особено ако се придржувате до урамнотежена рутина. Среќата ќе Ви се насмевне во четврток и петок.
Скорпија – стратегијата функционира
Драга Скорпија, Венера во знакот Девица ја подигнува страста до врвот: оваа недела во љубовта ве очекуваат привлечност, интензитет и погледи што зборуваат повеќе од илјада зборови. Во врската расте желбата, додека слободните Скорпии магнетизираат секого околу себе.
И на работа ситуацијата е позитивна: Вашата стратегија функционира и приносите се конкретни. Мали успеси Ви даваат самодоверба.
Физичката форма е одлична, а умот во синхронија, полни сте со енергија и подготвени на сè. Среќата ќе Ви се насмевне за време на викендот.
Стрелец – комплексна недела во љубовта
Драг Стрелец, ве очекува комплексна недела во љубовта: расправии, лошо расположение и желба за бегство создаваат дистанца меѓу Вас и партнерот. Подобро е да се намалат тоновите и да не се ризикува залудно.
На работа, пак, сте вистинска експлозија: ентузијазмот и иницијативата Ви овозможуваат да искористите драгоцени можности.
Енергијата Ви е добра, а здравјето стабилно. Спортот и кратките патувања ќе Ви помогнат да останете во рамнотежа. Внимавајте на сабота и недела – среќата тогаш може да Ви се одмине.
Јарец – љубовта е Вашата сила
Драг Јарец, љубовта во овој период е Вашата сила: стабилноста, разбирањето и нежноста Ви даваат чувство на сигурност. Паровите ги зацврстуваат своите проекти, додека слободните Јарци создаваат врски кои се предодредени да траат.
На работа, пак, се чувствуваат проблеми во комуникацијата: недоразбирања и одложувања создаваат нервоза… Бидете трпеливи, сè ќе се среди!
Здравјето е одлично: силно тело и концентриран ум. Подготвени сте да ги надминете сите предизвици со решителност. Почетокот на неделата ќе биде полн со среќа!

Водолија – уживајте во моментот!
Драга Водолија, оваа недела срцето ќе Ви биде полно: врските течат добро, а слободните Водолии ќе се забавуваат со нови познанства… Воздухот е свеж и Вие ќе знаете да уживате во моментот!
На работа нема да Ви недостигаат задоволства: оригинални идеи, проекти што се остваруваат и стимулативни соработки ќе Ви овозможат да се истакнете. Внимавајте на здравјето: замор и мали тегоби бараат повеќе внимание… слушајте го Вашето тело! Среќата ќе биде на Ваша страна во четврток и петок.
Риби – што навистина сакате?
Драги Риби, ве очекува тешка недела во љубовта: недоразбирања, разочарувања и неисполнети очекувања Ве прават ранливи. Подобро е да застанете и да сфатите што навистина посакувате.
На работа, пак, сè тече поспокојно: Вашите проекти напредуваат и се чувствувате посигурни.
Што се однесува до здравјето, ќе можете да сметате на одлична енергија што ќе Ви помогне да ја одржите рамнотежата помеѓу телото и умот. Месечината ќе блеска во Вашиот знак во сабота и недела, подарувајќи Ви малку повеќе среќа.