Неделен хороскоп, од 25 до 31 август – Лавовите ќе блескаат, возбудливи средби за Стрелците, добра вест за Јарците
Време е да се љуби со отворено срце! Еве што ви подготвија ѕвездите за оваа недела.

Оваа недела Венера, планетата на љубовта, влегува во знакот Лав. Овој транзит Ве повикува да се покажете, да изберете кој (и што) навистина Ве прави да блескате. Доста беше половични мерки, сега се љуби со отворено срце!
Овен – љубов на прв поглед
Драги Овни, последните недели во љубовта беа прилично турбулентни, но најлошото е зад Вас: влегувањето на Венера во пријателскиот знак Лав ќе им помогне на паровите повторно да се пронајдат, додека осамените срца би можеле да доживеат љубов на прв поглед…
На работа е вистинскиот момент да го искажете Вашиот глас: нема да недостасуваат можности за тоа! Сепак, бидете внимателни да не претерувате – стресот може да донесе здравствени проблеми, а Марс во опозиција ќе ја зголеми Вашата замореност.
Најсреќен ден во неделата: недела.
Бик – турбуленции
Драги Бикови, знаеме дека во љубовта ја сакате стабилноста, но подгответе се: транзитот на Венера во Лав може да донесе малку турбуленции во Вашиот љубовен живот… Внимавајте да не го подигнете премногу гласот во расправијата, за да не кажете нешто за што подоцна ќе се каете!
На работа деновите ќе станат динамични, а со тоа доаѓа и стресот… Одете чекор по чекор и ќе успеете! Вашето здравје ќе биде добро доколку се грижите за себе и за потребите на телото и умот.
Внимавајте особено во четврток, петок и сабота, кога среќата ќе Ви го сврти грбот.
Близнаци – будење на страста
Драги Близнаци, нема ништо подобро од Венера во Лав за да ја разбуди Вашата страст во љубовта: што чекате? Доколку сте сингл, излезете, запознавајте луѓе, флертувајте! Доколку сте во врска, ќе ја почувствувате обновената желба за блискост со партнерот.
На работа го ширите својот круг контакти, и тоа е добро зашто оваа есен терба да се подготвите да блеснете! Ваквиот активен ум може да Ви го наруши сонот… обидете се да најдете време и за малку релаксација, Вашето здравје тоа го бара!
Најнесреќен ден: недела.
Рак – одлично на работа
Драги Ракови, Венера оваа недела го напушта Вашиот знак, но не без да Ви остави вредни подароци во љубовта: во следниот период стабилните врски се зацврстуваат, додека за оние кои се сингл, силните емоции од минатиот месец може да се претворат во рози кои ќе цветаат оваа есен…
На работа се подготвува теренот за успешен старт на септември: Вие сте организирани и спремни за својата реализација во кариерата! Здравјето започнува од срцето: доколку се чувствувате смирени, и телото ќе се усогласи.
Најсреќен ден: понеделник.
Лав – ах, љубов!
Драги Лавови, планетата на љубовта тукушто влезе во Вашиот знак и Вашиот шарм е на врвот! Подгответе се за недела полна со големи емоции и убави изненадувања… но внимавајте да не станете премногу барани!
На работа сте вистински лидер: Вашата решителност и харизма ќе Ви помогнат да станете точка на ориентација за сите околу Вас. Голема енергија, што се однесува до здравјето – тешко е да се почувствувате подобро!
Најсреќни денови: вторник, среда и недела.
Девица – нови предизвици
Драги Девици, конечно Сонцето сјае во Вашиот знак и сè станува појасно: во љубовта емоциите се изразени, а сомнежите се разјаснуваат. Сега е идеален момент да зборувате за иднината со партнерот и да правите заеднички планови.
На работа ќе имате можност да се истакнете со Вашата прецизност и решителност: новите предизвици ќе Ве најдат подготвени и ангажирани! Здравјето е добро, како и Вашиот општо енергетско нивo, особено во првиот дел од неделата, кој ќе биде најдобар и во однос на наклонетоста на среќата.
Вага – спокојство
Драги Ваги, по недели турбуленции во љубовта конечно се враќа балансот за кој секогаш тежнеете: Вашата врска станува похармонична, недоразбирањата исчезнуваат, а Вие и Вашиот партнер повторно ќе почувствувате здрава леснотија во заедницата.
Неделата е поволна и за работа: на хоризонтот се нови сојузи и можности за напредок.
Здравјето е обезбедено со голема енергија и целата сила што Ви ја дава конјункцијата на Марс. Многу среќа во вторник и среда.
Скорпија – вреди да се обидете!
Драги Скорпии, транзитот на Венера во Лав носи малку повеќе компликации во Вашиот љубовен живот… Љубовта не е вежба за контрола: колку повеќе емоциите се длабоки, толку повеќе треба да ги оставите игрите на страна и да зборувате јасно!
На работа ги испитувате Вашите можности: нема да биде лесно да го добиете она што го сакате од прва, но вреди да се обидете! Здравјето е генерално добро, но стресот може да донесе некои телесни реакции…
Најсреќни денови: четврток, петок и сабота.
Стрелец – возбудливи средби
Драги Стрелци, Вашето срце постојано трептеше во текот на август, но сега конечно наоѓа јасна насока: за паровите ќе биде полесно да се разберат, додека сингл-лицата ќе доживеат возбудливи средби кои можат да прераснат во вистинска љубов!
На работа сте подготвени да го започнете септември со вистински дух, полни со решителност и желба за дејствување. Можностите нема да изостанат, дајте му време на времето. Здравјето и благосостојбата се загарантирани, но внимавајте на падови на енергијата.
Најсреќен ден: недела.
Јарец – добра вест
Драги Јарци, еве ја добрата вест што ја чекате: оваа недела конечно Венера не е повеќе во опозиција на Вашиот знак! Планетата на љубовта Ви донесе тешкотии во последните недели, но сега е време да земете здив: без разлика дали сте сингл или во врска, повторно ќе се чувствувате смирени и усогласени.
И работата Ви носи задоволство пред есента: новите проекти постепено се реализираат… Здравјето чувствува последици од стресот, обидете се да си дозволите повеќе релаксација!
Најсреќен ден: понеделник.
Водолија – љубовни маки
Драги Водолии, влегувањето на Венера во опозиција носи проблеми во љубовта: во врската може да почувствувате дека партнерот не ве разбира (или, уште полошо, дека ве гуши). Кај новите средби, ризикот е да привлечете сложени или недоверливи личности. Совет? Не форсирајте ништо!
И на работа е подобро да чекате: не е најдобриот момент за нови предизвици, особено ако се ризични.
Здравјето е добро, и покрај општата тензија. Среќата ќе биде отсутна во втората половина од неделата.
Риби – возбудлива недела
Драги Риби, љубовта во овој период може да биде силна и возбудлива. Некои Ве гледаат со очи кои кажуваат сè, а некои Ви пишуваат пораки во 3 часот наутро, но внимавајте: не сè што гори е создадено да трае. Ослободете се, но не заборавајте кој/а сте!
На работа фокусирајте се на сè што Ве прави да блескате и избегнувајте расеаност.
Здравјето бара да го слушате Вашето тело и да си дозволите малку повеќе слатки и релаксирачки рутини… Месечината во опозиција ја оддалечува среќата од Вас во понеделник.