Хороскоп

Неделен хороскоп од 18 до 24 август – кој ќе добие нов обожавател, а кого го чека финансиски изненадување

Влијанијата на Марс, Меркур, Сонцето и новата Млада Месечина ќе нè поттикнат да бидеме поодлучни, искрени со себеси и со другите, но и да ги затвориме поглавјата што одамна требаше да се остават зад нас.

Advertisement

Неделата пред нас носи силни астролошки влијанија и значајни пресврти, кои ќе ја обојаат секоја животна сфера – од љубовта и пријателствата, па сè до кариерата и финансиската стабилност. Ова е период во кој ќе почувствуваме потреба од ред, организираност и појасна визија за иднината.

Почетокот на неделата, понеделник, ќе биде под силното влијание на хармоничниот аспект меѓу Марс и Меркур. Овој сојуз носи енергија за напредок во бизнисот, науката, спортот и сите активности што бараат интелект и брза реакција. Преговорите, договорите и деловните одлуки ќе имаат потенцијал да станат долгорочно успешни.

Advertisement

Во вторник тригонот на Сонцето и Хирон ќе отвори можност за трансформација преку личен имиџ, стил и самодоверба. Време е да се погледнете во огледало со нови очи – шопингот, фризурата, па дури и малите козметички промени ќе имаат позитивно влијание врз расположението.

Од средината на неделата Сонцето влегува во знакот Девица, што ќе донесе нова енергија на систематичност и организираност. Секој знак ќе биде поттикнат да расчисти со хаосот. било тоа да се работи за сопственото работно биро, финансиските планови или личните односи.

Неделата ќе заврши со Младата Месечина во Девица во недела, која ќе ја засили потребата од здрави навики, дисциплина и грижа за телото. Ова е совршен момент за започнување диета, детокс, физичка активност или едноставно воведување ред во секојдневниот распоред.

Advertisement

Некои знаци ќе почувствуваат љубовни искушенија и појава на нови симпатии, додека други ќе бидат изненадени со финансиски добивки или корисни предлози за работа. Важно е да останете искрени со себеси, да ја слушате својата интуиција и да не се плашите од промени – тие доаѓаат за да го расчистат патот кон нешто подобро.

Овен – финансиски добри вести

Љубов: Овните оваа недела ќе бидат полни со енергија и страст, но и нетрпеливост. Ако сте во врска, партнерот може да почувствува дека сакате да доминирате, внимавајте на тонот. Слободните Овни ќе добијат внимание од личност со која имаат интензивна комуникација преку работа или интернет.

Работа и пари: Марс и Меркур ќе ви донесат силна ментална енергија – одлично време за преговори, договори и решавање важни документи. Финансиски, ве чекаат добри вести поврзани со проект кој долго го чекате.

Совет: Бидете трпеливи и не инсистирајте секогаш да биде по ваше.

пекселс

Бик – нови шанси

Љубов: Љубовниот живот се отвора за нови шанси – ако сте слободни, можно е ново познанство кое ќе почне нежно, но ќе прерасне во нешто сериозно. Во врските, Биковите ќе сакаат повеќе стабилност и сигурност, па ќе инсистираат на искрен разговор.

Работа и пари: Ова е недела кога ќе почувствувате потреба да ставите ред во финансиските планови. Можно е неочекувано зголемување на приходите или поволен предлог од соработник.

Совет: Слушајте ја својата интуиција, таа ќе ве заштити од погрешни чекори.

Близнаци – убедливи и харизматични

Љубов: Во љубовта ќе бидете шармантни и зборлести. Слободните Близнаци лесно ќе привлечат нови симпатии, а зафатените ќе сакаат да внесат свежина во врската преку дружења и излегувања.

Работа и пари: Неделата носи многу комуникација и состаноци. Ќе бидете убедливи и харизматични, па искористете го тоа за деловни преговори. Парите доаѓаат кон крајот на неделата.

Совет: Не се распрснувајте на повеќе страни, фокусирајте се на најважното.

Рак – враќање на стара љубов

Љубов: Оваа недела ќе сакате искреност и стабилност. Ако партнерот избегнува разговори, ќе инсистирате на нив. Слободните Ракови може да се вратат на стара љубов или да добијат порака од личност од минатото.

Работа и пари: Во работата ќе бидете чувствителни и ќе реагирате на секоја неправда. Сепак, оваа енергија може да ви помогне да откриете важни детали. Финансиски – време е за ред и планирање.

Совет: Грижете се за своето здравје и не ги одложувајте прегледите.

Лав – храбри одлуки

Љубов: Лавовите ќе зрачат со самодоверба и привлечност. Ако сте слободни, можно е нов обожавател кој ќе ве гледа како вистинска инспирација. Во врските – партнерот ќе очекува повеќе внимание, па не бидете себични.

Работа и пари: Првата половина од неделата е одлична за храбри одлуки и презентирање идеи. Во втората половина ќе се свртите кон учење или усовршување. Финансиски, стабилна недела.

Совет: Слушајте ги идеите на другите – и тие можат да ви донесат успех.

Девица – покачување на платата

Љубов: Со Младата Месечина во вашиот знак, љубовниот живот ќе биде во центарот. Слободните Девици ќе имаат шанса за ново познанство кое ќе биде многу ветувачко. Зафатените ќе сакаат повеќе хармонија и искреност во врската.

Работа и пари: Средината на неделата носи подобрувања на финансиски план, можно е покачување на платата или дополнителен приход. На работа ќе бидете организирани и практични.

Совет: Не бидете премногу критични ни кон себеси, ни кон другите.

Вага – искрен разговор

Љубов: Ќе бидете романтични и полни со желба за хармонија. Слободните Ваги може да запознаат некого преку пријатели. Во врските, ова е недела за искрен разговор кој ќе ја подобри довербата.

Работа и пари: Ќе ви биде потребна концентрација за да избегнете грешки во документи или финансии. Најдобро е да не носите брзи одлуки. Парите доаѓаат кон викендот.

Совет: Не им угодувајте на сите, слушајте ја својата потреба.

Скорпија – бидете искрени

Љубов: Љубовниот живот ќе биде интензивен, ќе барате искреност и длабочина. Слободните Скорпии може да запознаат личност која ќе ги привлече со интелект. Зафатените ќе се соочат со потреба за искрен разговор.

Работа и пари: Ќе бидете преоптоварени со обврски, но резултатите ќе се исплатат. Финансиски прилив е можен кон крајот на неделата.

Совет: Одморете и обрнете внимание на психичкото здравје.

пекселс

Стрелец – ново познанство

Љубов: Неделата е поволна за слободните Стрелци, можно е ново познанство преку патување или дружење. Во врските ќе внесете повеќе креативност и радост.
Работа и пари: Работата ќе ве инспирира да најдете нови решенија. Колегите ќе ги ценат вашите идеи.

Финансиски – стабилност, но избегнувајте големи ризици.

Совет: Внимавајте на исхраната и сонoт – телото ви бара баланс.

Јарец – не ризикувајте

Љубов: Љубовниот живот ќе биде посмирен, со акцент на стабилноста. Слободните Јарци ќе имаат прилика за запознавање на личност која е сериозна и одговорна. Во врските ќе владее хармонија и доверба.

Работа и пари: Неделата е послаба за деловни ризици, па подобро е да завршувате рутински задачи. Викендот може да донесе нов предлог или деловна можност.

Совет: Одвојте време за одмор и опоравување.

Водолија – во центар на вниманието

Љубов: Водолиите ќе бидат во центар на внимание- слободните може да запознаат нова симпатија која ќе им го разбуди адреналинот. Во врските ќе владее хармонија и заеднички планови.

Работа и пари: Ова е одлична недела за нови проекти и идеи. Финансиски, можни се поволни вести, особено ако чекате одговор за работа или проект.

Совет: Посветете време на хоби или нова активност, тоа ќе ви донесе радост.

Риби – не бегајте од одговорност

Љубов: Ќе бидете чувствителни и емотивни. Слободните Риби може да запознаат личност која ќе ги инспирира, но важно е да останат реални и да не идеализираат. Во врските ќе се појават разговори за иднината.

Работа и пари: На работа ќе бидете тестирани, не избегнувајте одговорности. Финансиски – потребна е поголема дисциплина.

Совет: Внимавајте на здравјето и обрнете внимание на психичката рамнотежа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button