Неделен хороскоп, од 16 до 22 декември – Водолиите ќе бидат фасцинантни, за Лавовите добра вест на работа, Биковите под голем стрес
Оваа недела планетата Венера во знакот Водолија ќе им подари убави емоции на сите воздушни знаци, и не само ним... А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите оваа недела.
ОВЕН: поволни планети!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: петок!
Драг Овен, можете да сметате на многу поволни планети на вашето небо! Венера ги олеснува сентименталните прашања, помагајќи ви со разјаснувања со партнерот и ви дава моменти на новооткриена страст. Меркур и Јупитер од своја страна ве поддржуваат на полето на работата, подготвени да ви донесат добри вести во централниот дел од неделата. Само внимавајте на Месечината во неповолна положба во среда и во четврток.
БИК: каков стрес!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: понеделник!
Драг Бик, во овој период чувствувате голем умор, а стресот ризикува да го загрози и вашиот љубовен живот: тешко е да ги оставите работните грижи во канцеларија. Искористете ги претстојните претпразнични денови за да се опуштите и да посветите дополнително време на блиските. Венера и Марс во неповолен транзит внесуваат уште неколку дискусии во вашиот љубовеб живот, но во текот на викендот ќе биде можно повторно да најдете разбирање и спокојство.
БЛИЗНАЦИ: Венера ќе се погрижи за Вас!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: среда!
Драги Близнаци, постои ситуација поврзана со работата која особено ве загрижува и ве прави дефинитивно нервозни. Спротивставувањето на Меркур ве успорува и решенијата што ги чекате можеби ќе пристигнат дури во новата година. Затоа обидете се да се опуштите и фокусирајте се на она што веќе сте го заработиле… остатокот ќе дојде наскоро! Венера во поволна положба ви дава убави емоции во сентименталната сфера.
РАК: со Месечината во вашиот знак!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: понеделник!
Драг Рак, вашата недела започнува со два супер среќни денови, во кои Месечината ќе свети во убава положба со вашиот знак. Ако чекате одговор или потврда за вашата работа, таа можеби се конечно тука. Посебен ќе биде првиот дел од неделата кој ќе ви донесе големо задоволство. Во текот на викендот, пак, влегувањето на Сонцето во опозиција може да донесе уште некои неуспеси.
ЛАВ: Љубовни проблеми…
Среќен ден во неделата според ѕвездите: среда!
Драг Лав, за жал и оваа недела ќе мора да се справите со спротивставувањето на Венера: љубовта ќе ви донесе тешки денови и дури и најконсолидираните парови би можеле да доживеат моменти на напнатост. Професионалната сфера, сепак, има поголема среќа: Јупитер и Меркур ви ветуваат големо задоволство и, доколку чекате одговор или добра вест, тие би можеле да пристигнат во среда или во четврток.
ДЕВИЦА: проблеми на работа…
Среќен ден во неделата според ѕвездите: петок!
Драга Девица, неповолните транзити на Меркур и на Јупитер носат уште некои потешкотии во професионалната сфера. Благодарејќи на вашата завидна аналитичка способност, ќе можете да разберете како да ги трансформирате неодамнешните проблеми во можности, дури и по цена да го промените курсот. Опозицијата на Сатурн, со сите свои препреки, наскоро ќе се претвори во можност да разберете што е навистина важно за вас и да започнете од таму.
ВАГА: небото ви се насмевнува!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: среда!
Драги Ваги, оваа недела ќе бидете заштитени со прекрасно небо: планетите ќе ви се насмевнат за да ви дадат среќа и во сентименталната и професионалната сфера. Најдобри денови ќе бидат среда и четврток, кога и Месечината ќе блесне во ваша корист. Слободните би можеле да имаат интересни средби, додека паровите (дури и долгогодишните) повторно ќе ја разгоруваат страста!
СКОРПИЈА: Венера неповолна…
Среќен ден во неделата според ѕвездите: сабота!
Драга Скорпија, за жал и оваа недела неповолниот транзит на Венера во знакот Водолија ќе донесе уште некои расправии и напнатост во вашиот љубовен живот. Конкретно среда и четврток ќе бидат доста нервозни денови. За да побарате разјаснување со партнерот, подобро е да почекате до викендот, кога ќе ја имате Месечината на ваша страна. На работа ве очекува уште малку стрес и умор.
СТРЕЛЕЦ: со силата на Меркур!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: четврток!
Драг Стрелец, ова е прекрасно небо за оние кои имаат нов проект на ум и бараат сојузи. Меркур во спој ги олеснува средбите и новите можности, додека Марс ви дава убава енергија. Венера во поволна положба ви помага на емотивен план, носејќи ви недела полна со убави емоции. Неповолната транзитна Месечина може да ве натера да се чувствувате малку напнато за време на викендот.
ЈАРЕЦ: во очекување
Среќен ден во неделата според ѕвездите: недела!
Драг Јарец, Сонцето наскоро ќе се придружи на вашиот знак: ве очекува навистина исклучителен крај на декември и на јануари! Во меѓувреме, уживајте во прекрасната романтична Месечина во петок, сабота и недела. Спротивна Месечина, пак, ќе имате во понеделник и во вторник, кога нешто може да не оди баш како што очекувавте… На работа е време за чекање: не брзајте и наскоро ќе ги видите резултатите од вашата напорна работа!
ВОДОЛИЈА: да живее љубовта!
Среќен ден во неделата според ѕвездите: недела!
Драга Водолија, долгиот транзит на Венера во вашиот знак ве прави пофасцинантни и заводливи од кога било! Ќе биде навистина тешко да ви одолееме. Не плашете се да исчекорите, и во љубовта и на работа! Меркур фаворизира нови договори, додека Марс во опозиција прави да го чувствувате стресот малку посилно. Обрнете особено внимание на нервозните денови среда и четврток, кога и Месечината ќе биде спротивна.
РИБИ: забавувања на работите
Среќен ден во неделата според ѕвездите: вторник!
Драги Риби, не е среќен момент што се однесува до бизнисот и работата: Меркур и Јупитер во неповолна положба ги забавуваат вашите проекти, во некои случаи предизвикуваат блокади, но не грижете се. Почнувајќи од викендот, со влегувањето на Сонцето во Јарец, полесно ќе се постигне договор. Во петок, сабота и недела, Месечината во опозиција ќе донесе малку нерасположение. Среќна Месечина, пак, во понеделник и вторник.