Неделен хороскоп, од 14 до 20 јули – Духовна љубов за Рибите, блескав спектакл за Лавовите, личност од минатото за Биковите
Кога планетите драматично се пресложуваат, време е за трансформација, ревизија и внатрешна сила...Еве што ви подготвија ѕвездите за претстојната недела.

Планетарната сцена оваа недела е карактеризирана со две значајни движења: Сатурн во ретроградност во Овен (од 13 јули) поттикнува длабока самоанализа и преиспитување на личните структури, а Меркур ретрограден во Лав (од 17 јули) носи конфузија во комуникацијата, недовршени работи и соочување со стари чувства.
Ова не е период за нови почетоци, туку сценарио за ревизија, повраток и предолго размислување пред да се тргне напред.
Advertisement
Месечината во Риби и во Овен на почетокот на неделата нежно влече на емоционална смиреност и подготвеност за активен чекор пред сите компромиси да бидат направени. На 19 јули, аспектот на Сонцето и Хирон подготвува емоционално ослободување и поглед кон вистинските потреби.
Овен – Лавовско огледало
Седмицата се отвора со пад на маските: Сатурн ретрограден влева потреба за реална дисциплина. Телото бара мирување пред зборовите да станат огнени. На средината на неделата, Меркур ретрограден создава силни искри во комуникацијата, затоа разговарајете помирно, и не донесувајте одлуки набрзина.
Понеделник и вторник носат момент на креативен бран: пишувајте, зборувајте, но во сабота фокусирајте се на идниот пат, а не на старите прилики кои ќе ви се вратат и понудат.
Бик – Враќање на личност од минатото
Венера е пренасочена над финансиската куќа и носи мир во домашните односи. Ова е недела кога дипломатичноста е вашата силна страна. Внатрешните промени се бавни, но длабоки: избегнувајте крупни инвестиции и одлуки пред средината на неделата.
Врска со стара познаничка може повторно да се обнови, а исто важи и за стар партнер. Во однос на финансиите, направете детален буџет – балансирајте меѓу желбите и разумот.
Близнаци – Креативните врати се отвораат
Меркур ве наградува со промислени искри, но ретроградноста сугерира да не верувате слепо на ветувањата од другите. Вие сте на врвот на креативен бран, имате изобилство на идеи: затоа посветете се на пишувања, преговарања, учења – сè е можно на тоа поле во овој период.
Среда и четврток можат да донесат neoчекувана вест која пријатно ќе ве изненади! Емотивно, искреноста станува ваш штит за длабоко поврзување со блиски личности.
Рак – Мир во домот
Семејството ќе побара од вас и внимание и грижа. Во домашен контекст, отворете простор за прошка и емотивна поддршка. Финансиската сложеност бара внимателно планирање, затоа оваа недела внимавајте со парите, а одложете ги поголемите набавки. Не донесувајте финансови одлуки во среда – осудени се на пропаст.
Разгледајте терапевтски методи или креативни активности за емоционално да се опуштите.
Лав – Сјаете, но внимавајте што зборувате
Како централно лице во хороскопската драма, вашата енергија е жешка оваа недела. Меркур ретрограден директно го погодува вашиот знак – зборовите трчаат пред вас. Но внимавајте – избрзаните зборови можат да иритираат. Ова е време кога тивкиот одмор е поважен од самофокусирање.
На средниот дел од неделата, нови пораки од неочекуван извор можат да ви го затреперат срцето. Се разбира, позитивно.
Девица – Прецизноста ви се тестира
Вашата прецизност е на тест, ретроградниот Меркур ве тера да ги разгледате деталите одново. Каде згрешивте? Време е за корекција.
Повторно прочитајте ги договорите, ревидирајте ги планови за дневна рутина. Средината на неделата ќе побара од вас смиреност, бидејќи емоциите ќе ве обземат. Некои врати се отвораат тивко – побарајте совет, наместо да играте сами на сцена.
Вага – Баланс, стари контакти и емоционална проверка
Оваа недела ве става во фокусот на социјалните мрежи и разговори со луѓе од минатото. Повторни средби или пораки ќе го предизвикаат вашиот внатрешен мир. Можно е обновување на професионални договори – но внимавајте на ситните букви.
Хармонијата што ја покажувате надворешно треба да се усогласи и со вашите вистински чувства.
Скорпија – Трансформација, финансии и фокус на суштината
Неделата бара храброст, и емотивна и финансиска. Време е да ги преиспитате навиките за трошење и да внесете ред во долговите.
Рутината може да ве исцрпува, но стратегијата и упорноста ќе ви донесат резултати. Не се фокусирајте на мали конфликти, туку на длабоки цели кои ве менуваат однатре.
Стрелец – Воздржување од импулси
Вашата желба за ново учење и движење се буди. Можеби ќе се запишете на курс, ќе наидете на книга што ќе ви отвори нови хоризонти или ќе добиете идеја што ќе ве возбуди. Интуицијата ви е засилена во овој период, но не дозволувајте таа да ве одведе во непромислен чекор.
Искрените разговори ќе донесат олеснување. Изберете мудро каде го насочувате ентузијазмот.
Јарец – Испит на зрелост и стабилност
Потребна ви е трпеливост. Домашните грижи или финансиски предизвици може да испливаат на површина, но во вашата стабилност е клучот. Секој чекор со внимание кон деталите ќе ве доближи до сигурноста што ја посакувате. Не дозволувајте емоционални заплети да го нарушат вашиот професионален баланс, оставете да ве води вашата мудрост.
На работен план, време е за размислување за промена на работно место или дури и професија доколку чувствувате заситеност. Можни се интересни предлози и идеи за ново работно место од неочекувани извори.
Водолија – Внимавајте кому му верувате
Креативни блесоци и нови можности се појавуваат, но ретроградниот Меркур ве предупредува: размислете пред да зборувате и проверете со кого соработувате. Може да се појават интересни идеи, но не е време за доверба без потврда. Останете верни на визијата, но делувајте од сенка додека не дојде правиот момент.
Изненадување ве очекува на љубовен план. Доколку се чуствувате осамени, ќе сретнете интересна личност која вреди внимание – затоа не донесувајте однапред заклучоци, туку дајте си време.
Риби – Длабока емпатија и духовен напредок“
Ова е недела за внатрешен мир и ослободување од врева. Посветете време на медитација, молитва или прошетка во природа. Вашата духовност е силна и ви дава мудрост, но не ја потценувајте и потребата за финансиска дисциплина. Луѓе со слична душевна насоченост ќе се појават кога најмалку очекувате. Затоа, застанете и слушнете ги оние што имаат што да ви кажаат. Оваа недела дај те им шанса на духовните љубови.