Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп од 10 до 16 март – пари за Вагите и Биковите, судбоносни средби за Овните, интересна недела за Лавовите

Планетите ќе имаат големо влијание врз нашето здравје, љубовниот живот и финансиската состојба. Овој период ќе биде поволен за креативни изрази и нови почетоци, но и за решавање на долгогодишни проблеми. Следете го својот хороскоп за да дознаете што ве очекува!

Реклама

Оваа недела носи нови можности и предизвици за сите знаци на Зодијакот. Ќе се соочиме со различни емоции и ситуација кои ќе не поттикнат да бидеме посмирени, но истовремено и активни во постигнувањето на нашите цели.

Планетите ќе имаат големо влијание врз нашето здравје, љубовниот живот и финансиската состојба. Овој период ќе биде поволен за креативни изрази и нови почетоци, но и за решавање на долгогодишни проблеми. Следете го својот хороскоп за да дознаете што ве очекува!

Овен – активен живот

Маркетинг

Овните треба да ги стават своите финансиски работи во ред, обрнувајќи внимание на трошоците кои значително се зголемиле во последно време.

Неделата ќе им донесе можности за активен социјален живот, посетување на настани, како и шанси за судбоносни средби во првата половина на неделата. Спортските активности најдобро е да ги намалат, со акцент на прошетки на свеж воздух. Тоа ќе има позитивен ефект на нивното здравје. Крајот на неделата ќе го посветат на креативни процеси.

Маркетинг

Бик – пари

Биковите ќе добијат пријатни вести во врска со нивните финансии, наследства или други парични работи. Ќе ги охрабрат и неочекуваните понуди за работа, смена на позиција или унапредување.

Можностите за подобрување на работните услови на поудобни и престижни позиции не се исклучени во првата половина на неделата. Во периодот на затемнувањето на Месечината,  им се препорачува да не возат автомобили и да не посетуваат места со големи собири на луѓе. За подобрување на здравјето треба да го преиспитаат својот дневен режим, особено во поглед на исхраната и спиењето.

Близнаци – комплицирани емоции

Близнаците ќе имаат комплицирани емоции во текот на неделата. Затемнувањето на месечината малку ќе го помрачи овој период, но, сепак, ќе успеат да решат некои заостанати материјални проблеми и да склопат корисни професионални познанства.

Романтичната страна на животот ќе им донесе радост во првата половина на неделата и ќе даде добар импулс за развој на односите.

Рак – пад на енергија

Раковите најмногу ќе реагираат на затемнувањето на Месечината. Главната препорака е да се обрне внимание на здравјето и безбедноста. Доколку се в можност, треба да го поминат овој сложен период во домот, избегнувајќи активни комуникации.

Претставниците на овој знак ќе губат енергија при комуникација со други луѓе, па контактите треба да се сведат на минимум. За време на викендот, ќе можат да го надоместат падот на енергија со прошетки во природа, особено близу вода.

Лав – интересна недела

Лавовите ги очекува активна и интересна недела, со некој пад на активностите за време на Лунарното затемнување. Тие ќе ги прифатат сите покани за настани, собири, концерти и изложби и можеби ќе учествуваат во социјални проекти.

Нивниот излез во јавноста ќе биде многу ефектен благодарение на харизмата и привлечноста, како и на облеката и накитот што ќе ги одберат. За време на затемнувањето на Месечината, најдобро е да ја намалат надворешната активност и да поминат време дома, посветувајќи се на самообразување или учење нови работи.

Девица – успешен излез од проблемите

Девиците ќе успеат да излезат успешно од многу сложени ситуации во текот на неделата, што ќе им овозможи да го променат својот сериозен став и да се насочат кон полесно решавање на проблемите.

Брзо ќе ги решат професионалните и паричните проблеми, ќе ја подобрат комуникацијата со важни личности и ќе постигнат компромис со сите. По периодот на Лунарното затемнување, Девиците ќе добијат пријатни вести во романтичната сфера.

Вага – дополнителен приход

Ако Вагите однапред ја планираат неделата, таа ќе биде успешна и продуктивна. Претставниците на овој знак ќе бидат успешни во професионалните дела, ќе имаат шанси да добијат дополнителни парични средства и да одржат успешни преговори.

Здравјето на Вагите може да се влоши од надворешни фактори во периодот на Лунарното затемнување. Тие се изложени на ризик од настинки, мали повреди при вежбање и труење со храна купена за време на затемнувањето. Сепак, со навремено преземени мерки, нерасположението ќе исчезне до крајот на неделата.

Скорпија – исполнување на сонот

Скорпиите во првата половина на неделата ќе имаат добри перспективи за претставување на себе. Треба да ја остават настрана лажната скромност, ако ја имаат, и да ги покажат своите најдобри својства во социјалниот живот.

Можностите за подобрување на кариерата или зголемување на приходите ќе се појават скоро веднаш. Периодот на Лунарното затемнување е најдобро време за преиспитување на своите тековни цели и задачи, дел од кои ќе треба да се трансформираат. Завршетокот на неделата ќе донесе подем на енергијата, инспирација, исполнување на неко соништата и можност за практична примена на  способностите.

Стрелец – динамично

Стрелците ќе имаат активна недела. Тие ќе бидат немирни, динамични, но сепак ќе останат продуктивни. Претставниците на овој знак ќе можат не само да ги унапредат своите идеи во социјалниот живот, туку и да добијат согласност за нивно реализирање во блиска иднина.

Здравјето може да се влоши во втората половина на неделата, но само поради сопствена невнимателност. Може да има ризици од изгореници и други мали повреди. Во периодот на затемнувањето на Месечината, Стрелците треба да избегнуваат масовни настани и шопинг. За бизнисмените ќе има нови можности за изненадни проекти во втората половина на неделата.

Јарец – смирување

Неделата ќе биде многу продуктивна за Јарците. Тие ќе успеат да ги обноват односите со лица со кои биле во долга конфронтација, ќе решат сложени професионални задачи и ќе ги покажат своите таленти и способности.

Во периодот на Лунарното затемнување, ќе треба да ја намалат социјалната активност и да се фокусираат на домашните обврски и грижата за своите најблиски. Нови идеи за подобрување на финансиската состојба може да им дојдат за време на викендот и треба да ги споделат со своите блиски. Здравјето ќе биде стабилно, како и романтичната сфера на животот.

Водолија – нови понуди

Водолиите ги очекуваат интересни ситуации и настани на кои ќе бидат вклучени, прво — против својата волја, а потоа — сосема свесно. Тие со ентузијазам ќе се приспособат на новите улоги и ќе се справат со секој предизвик успешно.

Подобрување на финансиската состојба може да се случи во првата половина на неделата. Различни опции за развој на настаните ќе се појават: од понуди за нова работа или позиција до заеднички профитабилни проекти или зделки. Во секој случај, Водолиите треба сериозно да ги разгледаат пристигнатите понуди.

Риби – надминување на парични проблеми

Рибите треба да ги решат сите проблеми поврзани со финансиите и материјални прашања пред периодот на затемнувањето на Месечината. Затемнување ќе има силно влијание на Рибите, слично како на Раковите, но разликата е што Рибите полесно ќе владеат со својата емоционална и физичка состојба.

Романтичната сфера ќе добие нов позитивен импулс за време на викендот. Особено задоволство ќе им донесе учеството во заеднички настани со блиски пријатели, чија дружба исто така е најдобро да се планира за викендот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button